Преместуваш дел од апликациите но не цели апликации, а со рут ке ги преместуваш целосно. Друг проблем е што апликацијата што тие делумно префрлена на сд може да биде нестабилна при работа и да почне да ти крашува. Башка многу апликации немаат можност за преместување.
Пак ке кажам, неможеш да споредуваш андроид и виндоус, две различни платформи се.
На тој стариот компјутер ке му ставиш виндоус 95ка и ке работи како што треба. На телефон неможеш да му ставиш андроид од пред 10 години и да работи како што треба. Има разлика и мислам дека ме сфати што сакам да кажам, без да навлагам во детали.
Првичниот муабет потекна од тоа дека иако телефонот на Бузуки е деклариран со 4 гб рам, ама пошто андроидот му црпи 2 гб и преостануваат само 2 и затоа требало само со 2 гб рам да биде деклариран.
Затоа ја правам паралелата и со компјутер затоа што без виндоус (или било кој друг оперативен систем) неможеш да работиш, а тој црпи по 2 гб рам и така да во ниту еден случај немаш на располагање онолку колку што е декларирано во спецификациите.
Сега ме разбираш ли ја што сакам да кажам.
Тоа настрана што можеме на компјутерите да им додаваме отпосле делови и да ги надоградуваме, битно поентата е дека телефонот на бузуки е со 4 гб рам, а не 2 гб како што кажувате.