Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1351354 пати)

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Цена на горива
« Одговори #6615 на: 29 Јануари 2015, 12:56:08 pm »
Црвена нафта,за сиромашни дизелаши 38 денари :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #6616 на: 29 Јануари 2015, 12:56:57 pm »
Кои се тие закони на економија кои ја кренаа нафтата во 2008 на 3 пати повисока цена од онаа 6 месеци претходно?
Кои се тие закони на економија кои ја треснаа после 6 месеци од пикот 128$ ја треснаа на 38$?
Кои се тие закони на економија кои ја направија цената ваква како што е сега?

Цената на нафтата нема апсолутно никаква врска со ниту еден закон на економијата. Кога ќе го разбереме тоа, нема да бидеме изненадени со 200$ барел за некоја година.

Симо. Ако не ти се студира економија замоли да ти објаснам, немој да викаш дека нема врска со ниеден економски закон, затоа што има.
Еве ќе ти дадам еден хинт: падот на цената на нафтата во голема мерка е предизвикана од ПИОЛОТИЧКИ одлуки а не од економски. Башка економските закони се многу комплицирани и не постои едноставен одговор на твоите прашања од погоре. Али не ме мрзи да дискутирам за истите.

Убаво што даде хинт на тоа што јас го напишав во трите горни реченици. Чисто за инфо, потекнувам од двајца родители - дипломирани економисти, едниот од нив бивши професор на економски факултет. Иако не сум студирал, неизбежно сум доста запознаен. Бидејќи не те мрзи, сеа објасни како покрај можните политички одлуки цената да отиде у ку*ац, цената на нафтата ќе остане волку ниска?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Цена на горива
« Одговори #6617 на: 29 Јануари 2015, 13:30:00 pm »
@achtung Може да објасниш малку поопширно како моментално бензиските имаат поголем кар во моментов ?
Прочитај два поста погоре од онак и ќе ти стане јасно или еве ти едно просто објаснување - ќар од литар 3 денара, за 1000ка ставаш 20литра дизел автоматски 60 денара ќар, по стара цена за 1000ка ставаш 15 литра дизел што автоматски носи 45 денара ќар. Инаку бензиските најмногу ќар дефинитивно имаат од плинот (потврдено од газда на приватна бензиска пумпа) и е минимум 7-8 денара па нагоре!
Да додадам и дека на овие цени народот е поопуштен и повеќе троши.


Знам колку заработуваат по литро, околу 3 денари + дозволен минус од 2% по литро, односно 980мл нместо 1л да точат, така се баждарени... Фората е што моментално бензиските кои имаат стари залихи на гориво трпат  загуби, поради тоа што нагло падна цената... Горивото во залихите им е земено по повисока цена и автоматски трпат загуби, ке имаат кар кога ке се стабилизира цената и тоа ист кар, не повисок затоа што каруваат по литро... А ке почнат повеке да каруваат кога ке почне/ако почне да се качува цената.. Кога ке имаат гориво купено по пониска цена а ке го продаваат поскапо, односно со поголем кар... ;)

За плинот тоа не го оспорувам, затоа што за плинот нема акциза и цените си ги формираат самите бензиски, со што се пресметува и цената на адитивите(на тие што ставаат)...
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Цена на горива
« Одговори #6618 на: 29 Јануари 2015, 13:57:36 pm »
Кои се тие закони на економија кои ја кренаа нафтата во 2008 на 3 пати повисока цена од онаа 6 месеци претходно?
Кои се тие закони на економија кои ја треснаа после 6 месеци од пикот 128$ ја треснаа на 38$?
Кои се тие закони на економија кои ја направија цената ваква како што е сега?


Цената на нафтата нема апсолутно никаква врска со ниту еден закон на економијата. Кога ќе го разбереме тоа, нема да бидеме изненадени со 200$ барел за некоја година.

Еве и јас ќе се обидам како дипломиран економист да ти одговорам. Законот е еден и ист, понуда и побарувачка. Сите овие финансиски кризи во 1920 па сега во 2008 се едноставен резултат од шпекулации, незнаење, алчност итн. Но на крај понудата и побарувачката го имаат крајниот збор и се случи тоа што се случи и понатаму ќе се случува.

Кои се тие закони на економија кои ја кренаа нафтата во 2008 на 3 пати повисока цена од онаа 6 месеци претходно? Па 2008 е таа година каде што е многу турбулентна и резултат од тоа што го кажав погоре каде што се случуваат многу крахови наеднаш. Затоа и ја викаат 2008:
Цитат
A global balloon of debt burst

Цитат
Demand for oil was indeed growing as Asia's power-house economies such as China and India fuelled their rapid economic expansion.A lot of the world's oil comes from somewhat unstable countries, so every time oil workers were attacked in Nigeria or Iraqi oil facilities were damaged, people became concerned about supplies. So fundamentally, people were worried that demand was growing faster than supply, and oil is such an important commodity that when people are worried they are prepared to pay very high prices for it.

Кои се тие закони на економија кои ја треснаа после 6 месеци од пикот 128$ ја треснаа на 38$?
Делумно тој период финансиската криза го зима најголемиот замав. Како и со пренадуената цена на недвижностите која што беше главен фактор за сево ова што и до ден денес го чувствуваме така нагло почна и куповната моќ да се намалува на потрошувачите.
Цитат
The central problem for oil-producing countries is that a US economy in recession uses much less oil.Research showed that US motorists had cut their consumption of petrol by more than 5% in 2008. It is not just the US that is affected. Many other western economies have been hit by the same credit crunch and there is a knock-on effect for their trading partners, including those power-house Asian economies that were supposed to be fuelling demand
.

Заклучокот е многу лесен од ова. Западна европа, САД, и неколку развиени економии во Азија (Кина, Индија, Кореја итн) се главните потрошувачи и според нив ние во останатиот свет ќе бидеме разочарани или среќни како што е во последниве месеци.

Цитат
For much of the past decade, oil prices have been high — bouncing around $100 per barrel since 2010 — because of soaring oil consumption in countries like China and conflicts in key oil nations like Iraq. Oil production in conventional fields couldn't keep up with demand, so prices spiked.

Кои се тие закони на економија кои ја направија цената ваква како што е сега?
Повторно понуда и побарувачка.
Цитат
As prices slid, many observers waited to see whether OPEC, the world's largest oil cartel, would cut back on production to push prices back up. (Many OPEC states, like Saudi Arabia and Iran, need higher prices to balance their budgets.) But at its big meeting last November, OPEC did nothing. Saudi Arabia didn't want to give up market share and refused to cut production — in the hopes that lower prices would help throttle the US shale boom. That was a surprise. So oil went into free-fall.
Значи побарувачкава пред неколку месеци почнува да се стабилизира и овие од С. Арабија и други држави едноставно зависат премногу да ја смалат нивната понуда која што би била подобра опција од продажба за пониска цена како сега отколку на намалување на производство. За жал Русија и Венецуела зависат многу пати повеќе од продажбата на нафта. И тука е важно да се спомене дека Македонија не е центар на светот и не сите уживаат поради ниските цени.
И без теории на заговор молам!  :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Цена на горива
« Одговори #6619 на: 29 Јануари 2015, 14:20:55 pm »
Благодарам колега.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Цена на горива
« Одговори #6620 на: 29 Јануари 2015, 15:27:43 pm »
единиствен економски закон на кој можеш да му веруваш е човковата алчност. Останатите приказни се „шија ми га Ѓуро....“ ако се обидуваш да ги гледаш без контекстот на политиката.

Макроекономијата, па особено е подложна на влијание не политиката, поточно демонстрацијата на моќ.

Земјите на OPEC немаа да имаат проблеми со буџетот да не полеваат тревни овршини крај автопатите со десоленизирана вода, да скијаат во шопинг мол и да го ладат песокот на плажата во јули. Ама ...да не го прават тоа ќе бидат само купче песок и нафт под него. А тоа не е ни најмалку убаво...

Значи сите генерали после битката нека си бркаат работа, оти за таква еконимај и јас знам. Работата е зошто ако тиe сложени економски закони се сепак закони, тоа значи дека ако се толку универзални и добро изнајдени во тој случај ќе имаме добри предвидувања па макар и со сложени алгоритми, математички методи, теории на неверојатност и хаос.. и се што му е на располагање на човештвото за да може барем во кусо време да предвиди катаклизмични појави.

Ако добро погледнам последниве две децении се исполнети со „пост мортем“ експерити, кои многу логично ни раскажуваат зошто берзата на недвижности ја предизвика најголемата рецесија во модерното време ама никој претходно не ги запали банкарите што инкасираа дебели милиони во своите џебови кои беа надокнадени од „државни пари“ кои всушност се парите од даноците на сите. Напротив, економсите закони ги спасија оние кои ја креираа лажната поунуда и изнудија нереална понудувачка на „стабилни инвестиции“.

Така да супер се законите на „побарувачка и понуда“ кој како и законот на гравитација на Исак Њутан доволно добро ни објаснува што се случува во универзумот, но едноставно тој закон не е доволен за да го обезбеди правилото за економсиките движења во иднина исто како што и овој на Њутн и тој на Ајнштај не даваат универзална вистина за тоа како настанал и како ќе заврши универзумот.

Како и да е ако земе дека најголем удел во сопственост на светскато проиводство на нафта е во пензинските фондови, за очекување е дека кризата најмногу ќе ги погоди токму нив. А тоа е прилично незгодно бидејќи тоа значи повторно мешање на политиката, со изговор за спас на моќните лузери, за да се коригира некој „економски закон“.

Така да сите оние кои не штедеа пари во швицарски франци до пред некој ден можат да се сликате со нивните економски проекции.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #6621 на: 29 Јануари 2015, 15:46:24 pm »
@Vlatko.klp,  убаво објаснето, штета што ставот на Миле не му дозволи веднаш да одогвори вака, туку се сведе на „седи бе не ме знаеш..“ муабет. ;D Sамо проблемот е што имаш картел (OPEC) кој ја крои понудата и кажува колку ќе се црпи од изворите. Што би се рекло, повторно е политичка одлука колку понудата ќе ја задоволи побарувачката. Побарувачката на нафта се смета за една од полинеарните и понееластичните ставки во равенката. Не може така нагло да порасне. Побарувачката не се намалила во последниве 6 месеци, но некои земји решија (политички) да ја зголемат понудата. Hence, падот на цените. Во еден момент, можно е  да кажат „доста беше“.
Твоето објаснување важи речиси за сите други работи, како на пример злато, минерали, други видови енергија и сл. Но таму не сме виделе вакви нагли промени во цената, баш порари стабилноста помеѓу побарувачката и понудата. Кај нафтава сум сигурен дека е сведено на политичка контрола на ресурсите.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Цена на горива
« Одговори #6622 на: 29 Јануари 2015, 15:59:19 pm »
Одлуката на С. Арабија и Иран не е политичка. Сфатете го тоа. Замисли сеа Македонија има најголем експорт на челик и железо. И во некој картел на пример Србија исто така многу зависи од експорт на челик и железо. Македонија ќе се грижи за своите интереси на граѓаните и нормално нема да дозволи да го намали производството се со цел дека пониската цена ќе дозволи поголема побарувачка.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2785
Одг: Цена на горива
« Одговори #6623 на: 29 Јануари 2015, 16:01:32 pm »
Стварно убаво објаснето, ама за жал не е тоа реалната слика. Ако беше однос на побарувачка и потрошувачка ке имаше слободен пазар и секој ке си произведуваше колку сака и ке си ја пласираше акде сака и по која цена и во која сака валута. Вака, утре на ОПЕК може да им текне дека ке го преполоват производството без да се намали побарувачката и што правиме? Ке речат, нашите вредни луѓе заслужуваат повеќе одмор и одсега ке работиме само во две смени наместо во три.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: Цена на горива
« Одговори #6624 на: 29 Јануари 2015, 16:07:02 pm »
(1) :D :D :D :D :D :D :D :D :D

Edit: леле леле читам подетално што пишал уште толку се смеам ;D

(2) Ако ти и тие околу тебе не се рационални, треба да погледнеш подалеку од дворот. Економијата ги следи однесувањата на единките во економиите кои имаат некое влијание во светот, а не во Кисела Вода или Македонија, вукојебина на Балканот.

(3) Шта речи.

Дај ти подобро објаснување, ете на економски си. Ја сум на правен, башка од вчера од 13 часот еве до сеа сум цело време буден, пред пола час се вратив од испит по Римско, па и набрзина начкрапав некои работи. Почекај да ручам сега, да дојдам при себе па ке изанализирам што реплика да ти вратам.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Цена на горива
« Одговори #6625 на: 29 Јануари 2015, 21:22:53 pm »
@ Onak, не е фиксна акцизата, си има закон за акцизи провери си.

Другото нема везе со ралноста ...

сум проверил... движењето во тој закон за акциза може да се смени за третина денар по литар... значи 1/3, тоа се 0.33 дени односно сума која по (од нив донесен) закон се заокружува...

Знам колку заработуваат по литро, околу 3 денари + дозволен минус од 2% по литро, односно 980мл нместо 1л да точат, така се баждарени... Фората е што моментално бензиските кои имаат стари залихи на гориво трпат  загуби, поради тоа што нагло падна цената... Горивото во залихите им е земено по повисока цена и автоматски трпат загуби, ке имаат кар кога ке се стабилизира цената и тоа ист кар, не повисок затоа што каруваат по литро... А ке почнат повеке да каруваат кога ке почне/ако почне да се качува цената.. Кога ке имаат гориво купено по пониска цена а ке го продаваат поскапо, односно со поголем кар... ;)

тоа е бизнисот со гориво бе друже... сега ќаруваат утре губат, ама пак ке ќарат... ако имале доволно кеш да направат толкави резерви за да трошат од нив 6-7 месеци, тогаш замисли колкави резерви на кеш имаат по сметки... ИЧ НЕ ГИ ЖАЛАМ искрено... а и погорниот муабет почна од тоа дека државата и буџетот се во дупка со намалувањето на цените, а во суштина воопшто не е во дупка туку со секое намалување се поише и поише се во ќар... чак што више на драстична промена на цена ептен се во ќар...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17454
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Цена на горива
« Одговори #6626 на: 29 Јануари 2015, 21:34:23 pm »
Претпоставувам дека твојот пост се однесуваше на нашата домашна македонска економија.
Како некое претпријатие кое има МНОГУ ограничен број на клиенти да прави економија од обем, па уште и преку намалување на цени? Економија од обем подразбира зголемување на производство до таа точка што трошоците за производство ќе се сведат на апсолутен теоретски минимум. Со оглед на тоа што сите македонски фирми работат според понуда и побарувачка, а побарувачката во моментов е во корелација со понудата, тој зголемен број на производи ќе создаде вишок во понуда. Според "закони" во економијата, за да се продаде вишокот на производи треба да се намалат цените со што голем број фирми ќе прејдат во загуба. Да, трошоците се намалени ама пазарот е толку ограничен што и профитната маржа ќе исчезне со намалување на цените.

Еве ги таксистите, се жалат дека со високите цени едвај излегувале во плус. Намалените цени им се шанса да создадат некој профит од целиот нивен труд.

Пластично, ова е причината зошто намалените цени на горивата нема да донесат намалување на цените НА КУС РОК. На долг рок да, откако економијата ќе се прилагоди... Може да очекуваме промени.

Екс министерот и сегашен факултетски професор Трајко Славески одлично го објасни се ова во едно гостување на вести. Можеби го има и на јутјуб, не знам.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: Цена на горива
« Одговори #6627 на: 29 Јануари 2015, 21:42:12 pm »
Сега прочитав во економијата на Таки Фити, грешка сум бил за економии од обем. Тоа се однесувало на зголемување на инпутите. Пример зголемуваш 10% инпути, а финалниот производ се зголемува за 15% од претходно.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Одг: Цена на горива
« Одговори #6628 на: 29 Јануари 2015, 22:26:35 pm »
Секоја бензиска пумпа при вакви промени на цените не купува голема количина,тие самите знаат колку од прилика трошат гориво во период од две недели кога цената на горивата се менува и си купуваат толкава количина.Првиот пат кога поевтини некои или сите беа во некој мал зијан,ама после тоа и тие следат не се ненормални.

Околу поевтинувањето на превозот,такси,автобуси и сл. сега сите користат,ама за брзо пак ке се сведи се по старо,односно возење на граница од одржливост.
Пример сега можи да ќариш повеќе пошо некој тендер е земен на цена кога била нафтата 65денари,а сега цената падна на 48.5 и превозниците тука користат,наредните тендери ќе падни и цената на превозот и пак по старо.
А превозот е скоро мртов со цена.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Цена на горива
« Одговори #6629 на: 29 Јануари 2015, 22:49:00 pm »
@ Onak, не е фиксна акцизата, си има закон за акцизи провери си.

Другото нема везе со ралноста ...

сум проверил... движењето во тој закон за акциза може да се смени за третина денар по литар... значи 1/3, тоа се 0.33 дени односно сума која по (од нив донесен) закон се заокружува...

Знам колку заработуваат по литро, околу 3 денари + дозволен минус од 2% по литро, односно 980мл нместо 1л да точат, така се баждарени... Фората е што моментално бензиските кои имаат стари залихи на гориво трпат  загуби, поради тоа што нагло падна цената... Горивото во залихите им е земено по повисока цена и автоматски трпат загуби, ке имаат кар кога ке се стабилизира цената и тоа ист кар, не повисок затоа што каруваат по литро... А ке почнат повеке да каруваат кога ке почне/ако почне да се качува цената.. Кога ке имаат гориво купено по пониска цена а ке го продаваат поскапо, односно со поголем кар... ;)

тоа е бизнисот со гориво бе друже... сега ќаруваат утре губат, ама пак ке ќарат... ако имале доволно кеш да направат толкави резерви за да трошат од нив 6-7 месеци, тогаш замисли колкави резерви на кеш имаат по сметки... ИЧ НЕ ГИ ЖАЛАМ искрено... а и погорниот муабет почна од тоа дека државата и буџетот се во дупка со намалувањето на цените, а во суштина воопшто не е во дупка туку со секое намалување се поише и поише се во ќар... чак што више на драстична промена на цена ептен се во ќар...

Не ги жалам воопшто, него поентата ми е дека, како што пишав погоре првин се во мала загуба додека не се стабилизира цената, а после се во голем ќар...
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D