Јас сакам економијата да не се третира како наука. Нема ништо научно тука, се се базира на политика и шпекулација. Се знае што е наука: физика, математика, електротехника... области каде што секогаш 2+2=4 а не 2+2=8 затоа што има акциза и ддв, ама утре може да биде и 10 затоа што некој се предомислил. Нели Миле? Астрономија да, економија не
Незнам дали прочитавте изјава од некој од некоја руска нафтена компанија (немора да значи дека веста е точна), каде велат дека нив оперативните трошоци за производство им се 3 долари по барел а на американските им се по 12-13 долари по барел, па се додека е над 30 долари цената, нив им се исплати. Така да цената апсолутно нема никаква врска со побарувачката и потрошувачката како ни со трошоците за производство и транспорт и се останато. Едноставно е политичка одлука.
Едит: Целосно се согласувам со изјавата на ахтунг, затоа и неколку пати тука тврдев дека нема зашто регулатнорна да не дупи со цената, државата си зема фиксна сума, а акога е поефтино повеќе се троши па го надокнадуваат и делот од ддв а најверојатно и го и прекорачуваат.