Мене колата ми се препороди со Shell V-Power, а што се тиче плин, како што реков, најдобар до сеа на ВР, на автопат во близина на Инсбрук. Со западно (и грчко) гориво, никогаш не сум имал проблем, а со нашиве, а турам на Макпетрол (бензин, плин, шо и да е) ми светнува чек енџин по извесно време.
Дизелот исто многу помирно работи со западна нафта отколку со наша. А зошто, не знам.
Пошто е гориво, а не прегорен зејтин. Уште пред 10ина години, на Ибица со 1.9 дизел, и’ туривме фаќин „Туркпетрол“, или „Петрол офиси“ појма неам, некое од Турските горива, па колана беше непоимливо подобрена, и од аспект на бучност, мирно работење, поубаво тегнење итн итн. Верувам дека во задниве пар години се имаат подобрено горивата кај нас, ама исто така верувам дека се далеку од квалитетот кој би требало да го имаат, имајќи предвид дека цената е речиси како во цивилизираната Европа.