@passanger, земи во предвид дека кога цената била 85 денари, 35+ денари одпаѓале на акциза, значи на остатокот, 50 денари, рачунај скоро 38% (не е 50%), па додади ја акцизата од 35 и излегува околу 66 денари, а моменталната цена е 72. Е сега ова е многу груба пресметка за да биде точна, ама дава колку толку појасна слика. Треба да се земе и односот долар/евро и моменталната потрошувачка/побарувачка на нафтените деривати (не за џабе некога дизелот расте, бензинот паѓа). А патем, суровата нафта не е единствена суровина во процесот на преработка.