Поздрав од мајка Европа.
Во ноември Европската комисија ќе го разгледува предлогот, со кој се предвидува зголемување на цените на дизелот, а доаѓа од комесарите за екологија и за здравје. Ова се вели во предлогот со цел да се заземе што поадекватна стратегија во борбата со содржината на CO2 во издувните гасови.
Ако биде прифатена новата директива, во Европа од 1 ноември, минималната цена на дизел горивото би требала да биде 1,80 евро за литар. Доколку биде донесена одлука,
цените на дизелот ќе ги надминат оние на бензинот за од 8 до 15%. Оваа одлука секако ќе предизвика вистински удар на автомобилската и нафтената индустрија. Засега единствениот аргумент, со кој производителите ги убедуваа купувачите да се одлучат за поскапите дизелски верзии на даден модел, беше цената на горивото и економичноста, која се исплати во текот на експлоатацијата на автомобилот со текот на времето. Ќе страдаат и дизел рафинерии, од кои повеќето се наоѓаат во Европа. Тоа не е првиот обид на ЕК да ги укине цената на економичното гориво. Ова не е првиот обид на европската комисија и да воведе такси на дизелот. Ако во 2010 година идеите беа дочекани на нож во Германија,Франција, Италија, Полска... сега ќе се соочат со истите проблеми.
Извор.
Не знам колку и дали воопшто пројде овој предлог, но ефекти сигурно веќе има или ќе има во иднина. Ние сме една од ретките земји во која дизелот е поефтин од бензинот, под изговор „загадување“, а модерен дизел загадува помалку од модерен бензинец, а да не правиме муабет за life-time загадувањето кое го прават хибридите.
Набргу ќе дојде време кога и кај нас ќе биде поскап дизелот од бензинот, и многу поразлично ќе гледаме на Бензин вс Дизел муабетот. Но се додека дизелот троши помалку од бензинот, дизелот ќе има некаква предност. Кога ќе ги направат бензинците соодветно штедливи како дизелите (а тоа се случува, полека но сигурно), тогаш дизелот ќе изгуби целосно било каква предност.