НОВОГОДИШЕН "ПОПУС"

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 21.11.2011 година. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 21.11.2011 година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 21.11.2011 година. Така цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,288 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 21.11.2011 година. Така цената на М-1 НС изнесува 42,193 ден/кг.