Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178806 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #555 на: 04 Ноември 2017, 23:17:30 pm »
04.11.2017 година, 92.109 километри.

Заменета кожата на рачната - старата беше во очајна состојба. Се ронеше, и најблизок опис ми е картон помешан со стиропор. Круто у пм.





Нарачана од иБеј, 930 денари ме кошташе, некои JF Customs, со назнака genuine leather. Си викам - ај, јеби га и си платив.

Ја нарачав на 21.10.2017, стаса на 01.11.2017 година. Супер-брзо, се изненадив. Во поглед на квалитетот - исто се изненадив, со оглед на цената, КОЖА е и тоа многу фина, мека на допир.



Ја извадив старата со се обрач, и истата беше захефтана со хевталици кои не пробиваа од другата страна на пластиката, туку само површински.







Откако ја извадив, видов дека е искината.

Пошто немав таква хефталица, морав да импровизирам - издупчив мали дупчиња во рамката, за да собере пластични стегички, точно каде што лежеа хефталиците.



Ја оптегнав добро, направив дупчиња на кожата со дупчалка за каиши, и протнав пластични стегички, при што дојде совршено, подобро од фабричкото решение, а јас сум презадоволен.













Крајниот резултат ме запрепасти - колку ситна работа, а менува многу, многу. За повеќе од девет години секојдневно користење на колата, со зафатот на централната конзола, конечно можам да кажам дека нема траги на користење на возилото во внатрешноста. Се е "фабрика".

Исто сум изненаден од тоа што кожата на менувачот не покажува никакви знаци на замор, а оваа си еба мајката до таа мера.





За хигиената и сјајот на ентериерот се погрижи elbow grease, Mafra Pulimax и Mafra Diamant Plast.

Наредно - пазарив сет од четири зимски гуми, кои би требало да ги имам некаде следната недела, тамам на време. По тоа, следува нови навлаки за седиштата - по можност некоја сива нијанса, и нови патосници - постојните се речиси нови, ама сакам сиви со сив конец.

И то.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #556 на: 04 Ноември 2017, 23:46:15 pm »
Бра-во

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #557 на: 05 Ноември 2017, 00:25:45 am »
Odlicno so merak si ja cuvas i vozis.
Nego neli ti bese poevtino za 450 ili 500 denari pravat komplet koza za menuvac i racna ova nekako skapo doagja od ebay. I preporaka za navlaki samo eurostil za 2500 do 3000 denari imas odlicna navlaka komplet so montaza.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #558 на: 05 Ноември 2017, 05:45:31 am »
Вакви ситни работи знаат да направат огромна разлика! Супер изгледа, браво!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #559 на: 05 Ноември 2017, 08:39:49 am »
Odlicno so merak si ja cuvas i vozis.
Nego neli ti bese poevtino za 450 ili 500 denari pravat komplet koza za menuvac i racna ova nekako skapo doagja od ebay. I preporaka za navlaki samo eurostil za 2500 do 3000 denari imas odlicna navlaka komplet so montaza.

Фала, трудимо се.

Тој комплет за 500 денари двете, нема да биде кожа. А ова е кожа, изгледа прекрасно. Ретко штедам кога се работи за колата.

А за навлаки, валјда од таму ќе бидат, не им е дојден ред уште.

Вакви ситни работи знаат да направат огромна разлика! Супер изгледа, браво!

Нели?

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #560 на: 05 Ноември 2017, 16:48:40 pm »
Тоа се тие ситници што менуваат многу!

Кај мене ги заменив двете со тие од 500 ден. засега се топ.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #561 на: 05 Ноември 2017, 18:18:34 pm »
Тоа се тие ситници што менуваат многу!

Кај мене ги заменив двете со тие од 500 ден. засега се топ.

Апсолутно.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #562 на: 05 Ноември 2017, 20:22:55 pm »
Јас кога ја земав колата ги заменив и на менувачот и на рачната ги платив комплет со замена 800 ден  и еве после три години пак испукаа морам и јас да набавам вакво нешто .

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #563 на: 05 Ноември 2017, 20:43:05 pm »
Тоа кажувам - краткотрајно решение е тоа.

Ова да истера бар колку фабричкото, ќе биде одлично.

Отсутен vlatko05

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
  • k24a3
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #564 на: 08 Ноември 2017, 11:07:06 am »
Одлично одржавано количе браво!

Гледам и под хауба штедел Опел. Фали изолацијата и тука. Можиш да набавиш од по одпади ако ти смета звукот од под хауба.

Fuchs маслото како ќе го отцениш за Астрата и кој е увозник за Македонија?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #565 на: 10 Ноември 2017, 21:19:33 pm »
Опел штедел сегде, и кај шо не треба. Ама, пробувам јас да компензирам, додавам кај можам.

Не е до толку бучна, не ми смета.

Фукс е 9/10 масло. Малку ми го троши, ама не сум сигурен дали е до маслото, до стилот на возење (кој драстично ми е променет на полошо) или е до изминатата километража на годишно ниво, односно од промена на промена.

До пред 3 години правев 7.000 до 9.000 колометри годишно. Последниве три - варирам меѓу 13.000 и 15.000.

А и веќе има колата 93.000 поминати, така да.. Не знам.

За увозник - да проверам, па да ти пишам.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #566 на: 18 Ноември 2017, 18:25:20 pm »
Спремни за зима - Laufenn I Fit Ice LW31, 185-65-15, 88T, произведени 30-та недела 2017 година.

Набавени од СтопЕндГо, четири комада, вкупно 10.300,00. Успат, четири купони за наградната игра што ја организираат.









Спакувани, чекаат монтажа. Да подзалади посалам, најверојатно.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #567 на: 18 Ноември 2017, 18:41:04 pm »
Долго да си ги возиш.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #568 на: 18 Ноември 2017, 18:56:40 pm »
Многу логичен избор. Па да го добиеш и цитроенчето. ;)
Зини да ти кажу.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #569 на: 18 Ноември 2017, 22:44:02 pm »
За кочење и тргнување гумиве изгледаат добри според парата, но за стабилност при бочни сили некако не ми изгледаат баш нај-нај... Тестирај ги за овер и андерстиринг.