Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178803 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #585 на: 24 Февруари 2018, 22:36:35 pm »
Пошо ти побарале 2000 денари за работна рака,затоа реков да заштедиш една скара. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #586 на: 02 Април 2018, 18:12:41 pm »
31.03.2018 година, 96.325 km.

Заменети зимските со летните гуми.

Извозени 3.503 километри со зимските. Летна гума си е летна гума. Со зимските се беше некако бучно, круто, неприродно. Иако се прилично извозени, летните гуми ја трансформираа колата.

Али, во секој случај е супер да се има сет зимски гуми.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #587 на: 07 Јуни 2018, 07:09:07 am »
06.06.2018 година, 98.220 km.

Цркна акумулаторот, после нешто повеќе од четири години и околу 56.000 километри.

Exide Classic EC550, 55mAh, заменет со Exide Classic EC550, 55mAh.

3.500,00. На гладно срце.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #588 на: 07 Јуни 2018, 23:32:20 pm »
Vreme mu bilo..... tolku vo prosek teraat .....

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #589 на: 08 Јуни 2018, 14:36:31 pm »
Па, да, така некако.

Мада, не ќе да беше лошо уште 2-3 месеци да се стрпеше.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #590 на: 15 Јуни 2018, 22:53:01 pm »
15.06.2018 година, 98.545 километри, 10-ти редовен сервис.

Масло Total Quartz Ineo MC3 5W30, пошто задоволува dexos2 стандард. 5 литри, 2.450,00 денари.

Филтер за масло Hengst E611H D256, 400,00 денари.

Филтер за воздух Hengst E352L, 400,00 денари.

Филтер за полен Hengst E910LI, 500,00 денари.

Филтер за гориво, Hengst H110WK, 450,00 денари.

Батерија за даљинско од централно, Varta CR2032, 60,00 денари.

Работна рака, 300,00 денари.

Следниот ќе ме утепа многу. Планирам се ова, плус свеќици, антифриз, глицерин, ланче сет и водна пумпа.

Ама, здравје, догодина.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #591 на: 07 Август 2018, 21:10:39 pm »
Јубилеј. Денеска накршивме 100.000 километри.


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #592 на: 07 Август 2018, 22:37:14 pm »
Тoчнo зa 10 гoдини :)
Некa се мнoжaт!

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #593 на: 09 Август 2018, 01:04:06 am »
Neka se mnozat uste dolgo da te sluzi   ;)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #594 на: 10 Август 2018, 14:26:25 pm »
Фала ви, да се надеваме на најдоброто.

Ако е како до сега, реално, малку примедби имам. Речиси занемарливи.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #595 на: 22 Август 2018, 16:51:18 pm »
Регистрирани денеска. Вкупно 12.238,00 денари, што вклучува:

1. Автоодговорност 3.245,00 денари;
2. Зелен картон 3.690,00 денари;
3. Надомест за јавни патишта 2.201,00 денари;
4. Технички преглед со нивните надоместоци таму 2.787,00 денари;
5. Рандом такси некои во МВР со налепницата 111,00 денари, и
6. Нова сообраќајна, пошто на старата немаше повеќе место за датуми и печати 203,00 денари.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #596 на: 11 Октомври 2018, 19:22:28 pm »








Си купив заштитна силиконска навлака за клучот.

Толку добро легна, толку добро изгледа, што мислам дека ова се најдобрите 88 денари кој сум ги потрошил во животот.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #597 на: 10 Ноември 2018, 19:53:57 pm »
10.11.2018, 102.722 километри.

Заменети летните со зимски гуми, провозани летните 6.397 километри.

Истерана процедура - замена, балансирање, монтажа, чистење на бандажи и раткапни од двете страни, комплетно миење и пакување на летните, складирани прописно - до март.

Испрана и колата, успат.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #598 на: 11 Март 2019, 20:00:05 pm »
Малце љубов покажував вчера.

Заборавив да сликнам "пред", ама од прилика вака беше..



Сега вака изгледа..



И позади..


Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #599 на: 11 Март 2019, 20:32:36 pm »
Silikonskite navlaki od aliekspres li gi naraca. Istiot kluc go imam na vectrata pa se tokmev da si zemam i za mene ama dve razlicni boi