24.06.2023 година, 136.082 километри.
Замина акумулаторот во вечните ловишта. Exide Classic EC550, после точно 5 години и 37.862 километри. Умре кога бев на пат, така да jump starter-от Villager ми се најде, ептен.
Купен Magneti Marelli Prima PMA55R, 55Ah и 470CCA, по цена од 4.000,00 денари со 2 години гаранција, после доста перипетии и одлуки околу гаранцијата. Бев тргнат по Yuasa, но локалниот дилер во Гевгелија практично ОДБИ да ми продаде акумулатор без да ми ја "провери" колата и да утврди зошто откажал 5-годишен акумулатор. Go figure. Ќе пишам мејл до Ивал Трејд Штип, чисто да знаат што се случува во регионов со нивните акумулатори. Башка, многу тешко признавал гаранција овдешниот дилер, по искуства од муабети, а и сам се уверив дека човекот не знае кај тера. Неисе...
Тргнав по Yuasa, но претходно проверив Duracell Starter DS55 како-што, при што се изнервирав од оној дебилот, заборавив на Duracell-от и си отидов во авто-делови кај што сум стален муштерија и го земав овој, по препорака дека ако евентуално активираме гаранција, нема да има проблеми, пошто има овластен сервис локално.
Прво го дополнив. Се полнеше бааги, 2-2.5 саати, ама се наполни.

Немаше логика да го ставам пред да го скоцкам моторниот простор и кадичката...



Ќе видиме каква ќе му биде срејчата.
Ова е четврт акумулатор заедно со фабричкиот. Фабричкот издржа пет ипол години и 46.000 километри, вториот Exide Classic EC550 - четири ипол години и 52.220 километри и третиот Exide Classic EC550 - пет години и 37.862 километри.