Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 172995 пати)

Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #120 на: 09 Февруари 2013, 13:51:02 pm »
Многу добро количе, фабричките челични бандажи, одлична...Не се грижи за пластиките, остави тоа, нека моторот е ОК, пластиките нека тропаат.

Благодарам.

@ Smicka и Rakun4e

Не би ги менувал бандажите, сакам што е можно повеќе да ја задржам stock, односно фабрички.

Луѓе се фативте со годиниве ко слеп за стап. Не помисливте на тоа дека тоа што се носи кај нас е тотално „испостено“ од секаква опрема не зборувам за клима серво и тн. туку за изолација звучна гумички под пластиките сунгери и тн?

Vis a vis муабетов, пред некој ден воочив интересна разлика меѓу автомобилите за наш пазар, и за Европскиот.

Имено, ги извадив пластиките околу шалтерот и рачната, за да зачистам што има насобрано прашина во пукнатините. Ништо сериозно. Овие се фотографии од мојот автомобил:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

А ова е фотографија од форум, специјализиран за Астра, во Англија (најверојатно):

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Се прашувам - каде ли е онаа сунѓереста изолација во мојот автомобил и зошто ја нема?

едно прашање Како ја вадеше онаа плстиката помегу рачката на мењачот и рачната , под неа што е сместен ОБД2 конекторот

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #121 на: 09 Февруари 2013, 14:32:35 pm »
Одговорот ќе го бараш во името на твојата кола - Classic. Во овие коли е штедено на све што може да се заштеди, а една од тие работи е звучната изолација.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #122 на: 09 Февруари 2013, 14:41:59 pm »
едно прашање Како ја вадеше онаа плстиката помегу рачката на мењачот и рачната , под неа што е сместен ОБД2 конекторот

Одговорот ќе го бараш во името на твојата кола - Classic. Во овие коли е штедено на све што може да се заштеди, а една од тие работи е звучната изолација.

I guess.. Причина повеќе да не купам Опел никогаш повеќе.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #123 на: 09 Февруари 2013, 14:49:48 pm »
Не е Опел крив што (секогаш) има побарувачка за поефтини коли. Сите „класик“ изведби на коли се предвидени за вукојебини како Македонија каде што цената игра пресудна улога.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #124 на: 09 Февруари 2013, 15:51:20 pm »
Не е ова до "Classic" изведбата. Да најдеме Астра Класик во Англија или Германија (ако се продавала) 100% сум сигурен дека ќе има сунѓер кај мењачот.

Проблемот е во категоризацијата на пазарите, сите производители имаат различни спецификации за своите производи и пазарите кои ги опслужуваат... Како што да речеме еден ЛендКрузер нема да е ист ако е испорачан во Русија и со оној од иста година испорачан во Тунис. Производителот ќе си направи мали измени за да го прилагоди возилото на условите во кои се вози.

После ова доаѓа и пазарната категоризација (источна Европа) каде се испорачуваат возила значително различни (во опрема, изградба, завршна обработка) отколку во големите развиени земји...

Со други зборови, Астрата твоја во основна опрема (или фул) ќе биде различна од истиот модел наменет за германски пазар каде купувачот е многу поригорозен кога купува а и институциите кои работат во корист на потрошувачите се многу темелити кога станува збор за вакви случаи (потрошувачот секогаш е во право)

Најдобар пример ти е боите, пластиките итн кои се користат кај нашите коли, значително помалку траат споредено со тамошните возила.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #125 на: 09 Февруари 2013, 16:43:55 pm »
Не е Опел крив што (секогаш) има побарувачка за поефтини коли. Сите „класик“ изведби на коли се предвидени за вукојебини како Македонија каде што цената игра пресудна улога.

Кога последен пат слушна за Голф Класик?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #126 на: 09 Февруари 2013, 16:45:09 pm »

Класик изведби на автомобили (овој и Пунто Класик, на пример) се резервирани за "вукојебини", како што кажа Зеро. А ги има и во Грција.. Нагоре, нема такво нешто.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2661
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #127 на: 09 Февруари 2013, 16:54:53 pm »
Не е Опел крив што (секогаш) има побарувачка за поефтини коли. Сите „класик“ изведби на коли се предвидени за вукојебини како Македонија каде што цената игра пресудна улога.

Кога последен пат слушна за Голф Класик?

Само напред продади ја астрата можеби со тие пари ќе купиш некој голф 3.
Затоа што нели тоа е ГОЛФ па мора да се претплати :D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #128 на: 09 Февруари 2013, 17:09:11 pm »
Не е Опел крив што (секогаш) има побарувачка за поефтини коли. Сите „класик“ изведби на коли се предвидени за вукојебини како Македонија каде што цената игра пресудна улога.

Кога последен пат слушна за Голф Класик?

Volkswagen е единствен Европски производител што работи без загуба. Соодветно на тоа, не му се потребни такви екскурзии.

Лично, мене Classic моментите ми се упропастување на брендот што едно возило го има. Да, ефтин начин да се дојде до возило, но долгорочно барем - по која цена и за купувачот и за брендот?

Земи се себеси како пример - си купил Класик возило, претпоставувам за прилично пониска цена од онаа по која се продавало пред да биде класик. Ама си ги увидел разликите и самиот кажуваш - „причина да не купам Опел повеќе“. Тоа значи дека Опел заработил на тебе ХХХХ евра кога ти го продал Класикот, ама потенцијално изгубил ХХХХХ евра понатаму заради тоа што ти нема повторно да купиш Опел.

Ова сигурно ќе ти биде интересно:

http://www.carclub.mk/2011/11/23/astra-vs-itself-1/
http://www.carclub.mk/2011/12/02/astra-vs-itself-2/
http://www.carclub.mk/2011/12/09/astra-vs-itself-3/

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #129 на: 09 Февруари 2013, 17:19:05 pm »
@ kimi

Кој спонма продажба?

@ Zero

Имено. Сега сме на иста бранова должина. Тоа е цената на екскурзиите, како што кажа. Тоа ми е и поентата на муабетот - Опел е во лајна, па мора да продава и постар модел со актуелен, што е случај и денес. Потребата за поефтини возила во МК нема никогаш да секне и не е тоа главната причина, но поголема е потребата на Опел за заработка, отколку грижата за купувачите. Сега да се продава Голф 6-ка за 2500-3000 евра помалку од 7-ца - истата ситуација.

Една од причините за VW нема класик возила во моментов. Работи со добивка, и нема потреба да си го уништува имиџот, па после да вика некој VW веќе не, како што викам јас Опел веќе не купувам.

Наместо да вложат малку повеќе, да добијат многу повеќе, они штедат на сунѓер. Фала, ама не фала.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #130 на: 09 Февруари 2013, 17:30:47 pm »
Заостанати 6-ки има и се продаваат прилично поефтино. Ама кога ќе се продадат, се продале, тоа е тоа.

Класик моделите се прават за пазари како Македонија, каде цената игра главна улога, па производителите што се во криза пробуваат да шитнат такви модели. Сега се продава Astra H 1.6 за 10.000 евра - тоа изгледа како дил на векот (и јас се слагам дека е одлична понуда), ама реално, долгорочно повеќе предизвикува загуби.
 
Енивеј, состојбата на Опел ми е многу интересна и специфична. Опел надрља под GM, и тоа е неоспорно. Искрено се надевам дека ќе успеат да преживеат - пред некој ден ми стигна мејл дека има 80.000 нарачки за Opel Mokka.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #131 на: 09 Февруари 2013, 17:33:49 pm »
Апсолутно. Оние 80.000 "среќници"? Им посакувам се најдобро, но.. I doubt it. Барем ќе добијат Mokka која изгледа страшно добро.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #132 на: 09 Февруари 2013, 18:01:14 pm »
да не била оваа цена сигурно и немало да ја погледнеш астрата

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3880
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #133 на: 09 Февруари 2013, 18:07:59 pm »
и ден денес, класикот шо се продава, имаш опција да го земеш со повеќе опрема (изолации, ова - она). не е само КЛАСИК и готово, да немаш избор. јас кога ја зимав мојата, испадна некое си средно ниво на опрема, имаше многу повеќе пакети со опрема плус, од тоа што јас го имам. нормално, не е комплетно истата понуда на опрема како кога беше актуелен моделот, али има сепак избор.

и можам апсолутно да кажам, ја сум презадоволен со изборот што го направив.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #134 на: 09 Февруари 2013, 22:18:28 pm »
да не била оваа цена сигурно и немало да ја погледнеш астрата

Достапна беше, да, но не беше ни без пари. Башка, на моите дома не им се бендиса новиот модел, тогаш Х. Беше и таа варијанта во игра, иако беше малку поскапа. Си рековме сите, Класик 2 е поубава, а и поефтина.

Очигледно се заебавме. :D

и ден денес, класикот шо се продава, имаш опција да го земеш со повеќе опрема (изолации, ова - она). не е само КЛАСИК и готово, да немаш избор. јас кога ја зимав мојата, испадна некое си средно ниво на опрема, имаше многу повеќе пакети со опрема плус, од тоа што јас го имам. нормално, не е комплетно истата понуда на опрема како кога беше актуелен моделот, али има сепак избор.

и можам апсолутно да кажам, ја сум презадоволен со изборот што го направив.

Супер, мило ми е што ти се погодила.

Инаку, прв пат слушам да можеш да бираш ниво на изолација во кола. Неможно.

Ова беа пакетите на опрема, во 2008-ма (извадоци од ценовникот на Олимпиа моторс, во 2008-ма година):

1. Каросериски изведби со сериска опрема

2. Нивоа на опрема

3. Што содржи плус секое ниво на опрема

На ова, додади го и Beauty пакетот - ретровизори во боја на каросерија и кваките на вратите се хормирани.

Одеше и алуминиумски бандажи и радио во оваа опрема, но јас инсистирав да се извадат, пошто беа прескапи - по 400 евра и за фелните и за радиото.

Значи - купена е со највисоко можно ниво на опрема достапно во моментот. И? Пак нема изолација карактеристична за нивото на опрема.