Одам пред саат време, седнувам во кола, давам контакт, и - клик. Курац.

Рикнал сиромашкиот.
Неколку прашања:
1. Можно ли е без никаква најава така да зезне акумулаторот, или би требало да заебава одреден период? Не осетив никакви потешкотии при палење претходно.
2. Се работи за фабричкиот ГМ сув акумулатор. Брат ми чачка по струи и такви работи, го мереше - онака, stand still, покажа нешто околу 9 волти (?). Дефинитивно е до него, или нешто друго е во прашање?
3. Џамп старт мораше да има, чисто онака - да се уверам дека ќе запали колата. Си запали најнормално. Поработе 10-тина минути, гасам, пак давам контакт - и пак курац. Можно ли е воопшто да не држи, до толку?
4. Утре од сабајле, пред работа, ќе ја палиме пак, сакал буразерот да провери дали е се во ред со алтернаторот. Колку волти (?) да очекувам, додека колата работи?
Благодарности.