Автор Тема: Youtube канали  (Прочитано 249 пати)

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Youtube канали
« на: 24 Октомври 2024, 22:06:05 pm »
Бидејќи гледам дека нема ваква тема и не сум сигурен дали тука е вистинското место, еве некои добри канали што мислам дека се многу корисни во однос на техничко одржување на коли и се добра превенција од мајстори-преваранти.

Овој Дејв првиот има некои печки за мотори, па некои машини за перење, па некои за реставрација, вадење рѓа и “перење” со некои струганици од метал што моторот го носат до состојба како фабричка.
Башка прави дијангостика на половни автомобили и има цел негов прирачник и листа за проверка пред да купиш кола.

Сметам дека е многу корисно зошто се имам зезнато и осетено сам на своја кожа што значи “абе вози ско снемува антифриз дотури и терај”.

1. Dave’s Auto Center - луѓево трансформираат мотори во состојба подобра од фабричката. Најлудница канал според мене.

https://youtube.com/@davesautocentercenterville?si=q-p6S6Du_fSXnK1T


2. Scotty Kilmer - доста интересен и од него научив дека силиконски спреј на шините на прозори, бравите и на гуми од врати ме спасува две зими по ред од лепење на сув студ на Фиат Панда и комплет смрзнување на централна брава на помалку од -5 степени.

https://youtube.com/@scottykilmer?si=hbXLYu6BG_jfnuWn


3. Chris Fix - чистење на клими, казанчиња, радијатори и друго.

https://youtube.com/@chrisfix?si=qWPga3YtvrTFDfGl

Како може ова да помогне? Имав нерамномерно зуење од под хауба и некоја логика ми вика некоја струја е. Толку знам од факс. Гледам малце по каналиве, идам кај мајстор познат кај нас, викам види ова мислам алтернатор е. Вика нема шанси.
Ѕвони после 2 саати вика алтернаторот е, во право си. Поправен за 4000 ден. А можеше како Фиат овластен да вика за почеток 30.000 ден да ги смениме сите кабли па да видиме после што ќе правиме.

Идеални се за некој како мене што врска си немал од коли. Лесно се учи, лесно се разбираат работите и пред се ќе спречи некој мастор да ве изд**чи здраво од позади.

Ги молам админите да ја преместат темата ако тука не е вистинското место или да ја избришат доколку сметаат дека е непотребна.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Youtube канали
« Одговори #1 на: 25 Октомври 2024, 19:39:25 pm »
Chris fix e zakon!
Sum mu gi gledal skoro site videa!
Bravo za temava.

Sent from my SM-G990B2 using Tapatalk


Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
  • Macedonia
Одг: Youtube канали
« Одговори #2 на: 31 Октомври 2024, 11:32:38 am »
ChrisFix e ѕверката. Благодарение на неговите видеа и coaching од пријател се научив да полирам фарови.