Гласање

Која марка на акумулатори се најдобри според вас?

Exide
141 (42.2%)
Black Horse
32 (9.6%)
Vesna
22 (6.6%)
Topla
64 (19.2%)
било кој...
75 (22.5%)

Вкупно гласови: 333

Автор Тема: Предлог за акумулатор  (Прочитано 862245 пати)

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1903
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #480 на: 03 Март 2014, 23:06:06 pm »
Таман е нели е 6 год највероватно е тој проблемот, инаку мислев понекогаш МП3-цд плеерот знае така да заебава да влече струја и полека го празни акомулаторот......Disel ај бе види овде http://forum.carclub.mk/index.php/topic,12963.30.html  дали  знаеш што е ова ти возиш астра ако си забележал кога си менувал филтер за клима тука стои?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #481 на: 04 Март 2014, 08:52:00 am »
Одлучив што ќе земам - Exide Classic EC550, 55-ка, 3.400 денари. Varta отпадна, пошто имаат 52 и 60 само.

Само, изгледа дека има проблем во висината. Овој фабричкиот, е 15 цм, а новиот би бил 19.

Што велите, ќе биде ли проблем, или треба на лице место да се провери?

@ Koznostra

Мене ми стои како самоправска работа. Кај мене нема такво нешто.

Но, не го земај тоа здраво за готово.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #482 на: 04 Март 2014, 10:49:47 am »
Не го зимај пред да го пробаш (нормално со спуштена хауба) Инаку џабе се 3 ампери ;D

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #483 на: 04 Март 2014, 18:55:13 pm »
и мене вчера ми цркнал акумулаторот од нигде никаде, само еднаш заврте и толку, денес купено Exide 74Аh 5000ден па ќе видеме колку ке тера :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен seat ibiza

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 184
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #484 на: 07 Март 2014, 20:50:40 pm »
и мене вчера ми цркнал акумулаторот од нигде никаде, само еднаш заврте и толку, денес купено Exide 74Аh 5000ден па ќе видеме колку ке тера :)

Ја земав пред неколку месеци Exide сега за сега добар е па понатака здравје али треба од време на време да се провози колата за да наполни зборам ако не ја возиш подолго време.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #485 на: 07 Март 2014, 20:57:55 pm »
Aкумулатор во просек колку има гаранција?

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #486 на: 07 Март 2014, 20:59:02 pm »
Ја возам 3-4 пати неделно не е проблем тоа :) засега сум задоволен поголема моќ побрзо полесно пали :) за разлика од 55ката пред тоа.

едит: мојот има 2 години гаранција, како што знам и повеќето.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен seat ibiza

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 184
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #487 на: 07 Март 2014, 21:13:36 pm »
Ја возам 3-4 пати неделно не е проблем тоа :) засега сум задоволен поголема моќ побрзо полесно пали :) за разлика од 55ката пред тоа.

едит: мојот има 2 години гаранција, како што знам и повеќето.

Толку и мене ми дадоа 2 години од кај Анџело.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #488 на: 13 Март 2014, 17:54:10 pm »
Добриот контакт помеѓу клемите на возилото и акумулаторот е многу важен за доброто функционирање на возилото. Кородираните клеми можат да доведат до низа проблеми како што се тежок старт, не правилно полнење на акумулаторот и тн. Спречувањето на корозијата е доста едноставно и за нејзино чистење се потребни само основни алати кои верувам дека сите ги имаме по дома.

Потребни алати:
Челична четка
Штрафцигери или клучеви во зависност од начинот на кој е прицврстен акумулаторот
Стара крпа
Сода бикарбона растворена во топла вода

Прв чекор: Олабавете ги клемите на акумулаторот и отстранете ги од контактите на акумулаторот, препорачливо е да се извади прво минус(црната) клема.

Втор чекор: Извадете го акумулаторот од возилото. Со оглед на тоа да кај различни возила системот за прицврстување е различен, доколку не знаете како да го извадите акумулаторот прочитајте во упатството за употреба на возилото.

Трет чекор: Со мека четка или со крпа нанесете од растворот (200мл вода 3 супени лажици сода бикарбона) и почнете да ја отстранувате корозијата со челичната четка. Откако ќе завршите избришете го акумулаторот со стара крпа.

Четврт чекор: На истиот начин како што ги исчистивте контактите на акумулаторот исчистете ги и клемите на возилото. Доколку каблите не се вадат од клемите внимавајте при чистењето да не ја оштетите изолацијата на истите. Откако ќе завршите избришете ги клемите со стара крпа.

Петти чекор: Вратете го акумулаторот и добро прицврстете го.

Шести чекор: Ставете ги клемите на контактите и убаво стегнете ги, препорачливо е да се страви прво плус(црвената) клема па потоа минус(црната) клема.

Седми чекор: За да ги заштитите контактите и клемите од корозија премачкајте ги со тенок слој на маст. Овој чекор не е задолжителен меѓутоа е препорачлив како повторно не би се појавила корозија.


Совет: Пред да ја затворите хаубата убаво проверете дали се е на свое место и дали изгледа како што треба, особено обрнете внимание да не заборавите некој од алатите под хауба.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #489 на: 13 Март 2014, 18:30:31 pm »
што е подобро сув или со течност?

Отсутен biber

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #490 на: 20 Март 2014, 14:54:44 pm »
Кој од овие четири, сите се во ист ценовен ранг

FIAMM titanium + 75Аh 730A - 4850 den
Varta Blue            74Аh 680A - 5000 den
Exide excell          74Ah 680A  -4950 den
Energizer Plus      74Ah 680A - 4500 den

FIAMM titanium + според бројкиве е за нијанса подобар

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7114
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #491 на: 20 Март 2014, 14:59:43 pm »
Еxide-то.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #492 на: 20 Март 2014, 15:52:29 pm »
Exide, или Varta.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #493 на: 20 Март 2014, 15:57:48 pm »
Дечки, колку е отприлика век на траење на акумулатор ? Зборам за нормална просечна употреба на колата. Прашувам за косилицата моја, ваљда 55ка е  ???

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #494 на: 20 Март 2014, 15:58:11 pm »
6 години.