Јас Топола (топла) ја чкртнав уште пред повеќе од 10 години...Со нив сум имал добро искуство, но во рокот додека трае гарантниот период...И можеби сва среќа...
Два или три акумулатори кој по истекот на гарантниот рок од 2 години, значи после два максимум три месеци рикале, и тоа баш овака како што Џиџи го опиша проблемот...Односно испразнетост под 10 волти, однодно во превод пробиена келија или повеќе.
Е сега тогаш тие акумулатори беа возени на Застава 101, која што од електроника имаше само електрична инсталација, така да нема што да го празни акумулаторот освен ако инсталаицијата не е некаде дефектна...Тоа не било сигурно...
Како и да е, маките си ги скратив со купување на САП акумулатор, кој траеше некој си 5 + години...
Од 2002 кога ја купив 306-ката, во неа имаше Бош Силвер....Колата беше со тој акумулатор донесена од Германија....Акумулаторот траеше до 2007-ма, што значи 5 години во мои раце + времето поминато во Германија...А не верувам дека му ставиле нов акумулатор за да ми го продадат мене....
2007-ма купив Варта, најефтината и траеше до лани...Значи 5 години и некој месец....
Сега возам половен Бош од 2006 кој го извадив од 206-ката и го наполнив, а во неа ставив нова Варта пошто ја вози женами + со дете, да не се заебавам...
А во 306-ката го терам Бошот...
Кога би се прашувал јас, освен БОШ Силвер во кола не би ставил ништо друго...
НО тука сме ограничени со се, па и со овој бренд за кој не се знае никакво потекло и доколку го има...
Единствено како алтернатива ја гледам Варта, а и со искуството кое сум го имал, мислам дека ке бидам задоволен и понатаму...