Голготата заврши ... Страшно ... не ми се верува уште, ама немам ни живци ни време да се расправам со приучени сервисери! Се вратив после постот погоре назад, црви ме јадеа. Тој на налогот што претходно го потпишав со истото пенкало отпосле додал дека на мое барање акумулаторот е ставен на полнење
Кога ме виде смрзна и вика што е сега работава? Му викам дојдов да си го земам, пошто нели не важи гаранцијата. Чекај вика, изнапиша куп ствари на гаранцијата и налогот и ми вика, а што праиме сега што полнењето е започнато. Па гаси го викам, кој ти рече да го полниш, ја ти барав нов, пошто овој не се поправа нели, а и минатиот пат ти го кажав истото, а ти само го стави на полнење и рече дека е супер и ми наплати 200 денари, иако е под гаранција. Почна да ми цитира некои членови од нивни правилници, незнам ... нервозен бев и му реков само на Бубе земај го зашто ми се темни !
Отидов до овој Анџело, не бил тука-на пат бил надвор од државава, беше еден Ивица фин културен дечко, ми рече 12V/60Аh 5200 ден, со стариот 4850 денари, за carclub 4500 денари ... Кога сфати дека на некој начин се знаеме и со Анџело (преку carclub), цената се симна уште малку
Отвори Гарантен лист и вика две години гаранција - ако не дај Боже нешто (све се дешава) нема поправка, само замена - нормално! Акумулаторите тазе, донесени пред 15 дена. Го зедов акумулаторот (мал компактен и екстремно силен 600A), го монтирав, па со Господ напред! Утре идам на пат, гледам добар е напонот на дисплеј... Здравје, тоа е тоа. Времето ќе покаже се. Јас барав најквалитетен и најскап акумулатор, се разбира и сервисна или комерцијална подршка во пост продажба, ТОПЛА тоа го нема, значи ако рикне гаранцијата ја губиш (упорно се трудеше да најде траги на отварано, потечено, незнам било што - СРАМОТА), значи САМО и само ако акумулаторот е испразнет, тие го полнат, наплатуваат 200 денари за тоа и тоа ти е гаранцијата на Топла, значи со книшката можеш г'зот да си го избришеш!
Еве и некои слики од работните налози (од 7-ми мај и овој денес), гарантниот лист што ми ги затворија, нивните правила и тн.
Заклучок: Не знам за другите, АМА ТОПЛА НИКАКО НЕ КУПУВАЈТЕ, НЕМА ГАРАНЦИЈА !!! Односно гаранцијата ви е лажна, само на папиру. Кој ќе плати 10000 денари за тужба, а кај се судските трошоци и сл. кога акумулаторот е 5000 денари ? Да, на крај они ќе си ги сносат трошоците, ама безобразно ја користат сиромаштијата. Уште кога ја видов адвокатката (и тоа крајно безобразна, досадна, упорна и безобзирна) кај нив ... КРАЈ !
За Exide не знам, прв пат во животот го користам, се надевам дека фалењата на Анџело се поткрепени. Ако не овај пут дефинитивно игра пуца, ионака ми за'рѓа више под перница
Како да го повлечам мојот глас горе во анкетата што го дадов за ТОПЛА ? Се каам ...