Гласање

Која марка на акумулатори се најдобри според вас?

Exide
138 (42.5%)
Black Horse
32 (9.8%)
Vesna
22 (6.8%)
Topla
63 (19.4%)
било кој...
70 (21.5%)

Вкупно гласови: 324

Автор Тема: Предлог за акумулатор  (Прочитано 684546 пати)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #120 на: 10 Мај 2013, 16:07:02 pm »
Сале, апсолутно се слагам со тебе!!!

@bramovsk
Во првиот случај неможе да биде баш 0, но бар да се стреми кон нулата - заради уреди кои мораат нон-стоп да бидат под напон. Како и да е, ако акумулаторот е 70Аh, теоретски значи дека ако е исправен треба да може да испорача струја од 70А и да ја држи еден час. Потрошувачката со сите потрошувачи исклучени е во редот на mA.

Сигурно не може, ама не може ни да е 1А. Така да ќе „флертува“ ниско со амперите.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #121 на: 10 Мај 2013, 16:58:08 pm »
кај мене на стендбај влече некојси 250mA,оваа потрошувачка е од алармниот систем на возилото и најверојатно радиото и часовникот така да убаво рече симо 0А само во стоеден без никаква електроника  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #122 на: 10 Мај 2013, 21:17:59 pm »
тука е некаде. Јас би се загрижил ако е повеќе од 0,4-0,5 ампери... Секако, кога мериш, остави ја колата 2-3 минутки да се „смири“ електрониката, па после провери колку струја тече.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #123 на: 10 Мај 2013, 22:55:24 pm »
Не треба да влече повеќе од 100 милиампера...
Пола ампер е премногу Симке, колку сака електроники нека има...И саати и радија и аларми и све...
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #124 на: 11 Мај 2013, 08:39:03 am »
Не треба да влече повеќе од 100 милиампера...
Пола ампер е премногу Симке, колку сака електроники нека има...И саати и радија и аларми и све...
:)

Можда си во право, не се сеќавам баш точно... може денес да проверам на алфата колку е, баш ќе си играм малце со дигната хауба :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #125 на: 11 Мај 2013, 13:22:14 pm »
Може да ми кажете како се мери, имам еден мултиметар дома, може со него нели, да видам што ќе покаже кај мене.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #126 на: 11 Мај 2013, 21:21:00 pm »
Треба да извадиш клема од акумулатор и да го закачиш инструментот во серија...Поставен на подрачје за ампери...Немој да заборавиш дека постојат инструменти на кој им е ограничено времето на мерење на струја до максимум 20 секунди, што значи дека амперметарот во колото може да работи само 20 секунди...После тоа може да рикне...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #127 на: 12 Мај 2013, 17:50:51 pm »
Со сите потрошувачи исклучени (по 10 мин за да се „смири“ електрониката) измерено течење на струја од 75mA, што е О.К. Напонот на полнење беше 14,7V, за да по пола саат возење дојде до 14,2V што е одлично НО другиот ден по палењето (ме мрзеше да вадам клема и мерам струја...) напонот на полнење повторно се качи на 14,6V и по 20 мин. возење дојде до 14,3V. Изгледа дека ако ја оставам колата една недела незапалена, тешко дека ќе запали :/ Едноставно акумулаторот не „држи“, а овој случај е најтежок за докажување во сервис - јебига тоа е тоа!   

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #128 на: 12 Мај 2013, 19:04:33 pm »
Потрошувачката ти е повеке од ок, полнењето - исто. Да го извадиш надвор од кола па да видиш надвор како се однесува (пад на напон...). Ако ти треба привремено акку за да го имаш во кола мислам дека може да ти позајмам еден...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #129 на: 12 Мај 2013, 19:05:08 pm »
могуче ли е да се најде истиот акумулатор(или модел кој го заменил) од истиот производител како и тој што е фабричкиот?еве го 8 години варта,па дури зимово почна да покажува знаци на мењање(на ладно на прво палење се палеше сијаличката за ABS,додека од кога затопли два три пати дали се има запалено).на претходната кола у рок од 8 години колку што ја имавме 3 акумулатори сменивме(топла и весна вањда беше),па кога ќе дојде време за мењање не би купувал такво срање

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #130 на: 12 Мај 2013, 20:08:06 pm »
Потрошувачката ти е повеке од ок, полнењето - исто. Да го извадиш надвор од кола па да видиш надвор како се однесува (пад на напон...). Ако ти треба привремено акку за да го имаш во кола мислам дека може да ти позајмам еден...

Едино така! Ај ќе видам како ќе се понаша, па ако ми затреба ќе те побарам. ФАЛА ТИ !!!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #131 на: 12 Мај 2013, 20:23:06 pm »
Само што го зедов од сервис акумулаторот. Ми рекоа дека само го наполниле и дека е исправен, наводно има нешто во колата што ми „краде“ струја или сл. или дека не ми полни доволно алтернаторот. Ми дадоа работен налог и ми наплатија 200 ден. за полнењето (иако е под гаранција). Чисто за инфо имаше уште еден како мојот, само со поголем капацитет кој беше за замена - не се поправа (имал фабричка грешка). Денес ќе го монтирам и поминам 30-40 км, па да видиме што ќе се случи. Имам амперметар и можам да измерам колку струја се троши кога сите потрошувачи се исклучени. Не верувам дека е до колата, ама ако пак се испразни и го однесам таму - ПАК ќе ми го наполнат само и земат 200 ден. за тоа се до истекот на гаранцијата. Да не има плинот нешто врска со ова? Директно е уклучен на акумулаторот ... Да не активира автоматската клапна за циркулација на воздухот и цело време моторчето врти ??? Незнам, ќе треба една вечер да преспијам у гаража :)

Don't bother! И онака имаш осетлив грб. :D Не е до тоа, верувај - ако е, ќе знаеш.  ;)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #132 на: 12 Мај 2013, 20:44:44 pm »
Мерев струја и со клапната кога врти, околу 1 Ампер троши ;)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #133 на: 12 Мај 2013, 21:11:56 pm »
Toa e ништо...Колку радио уклучено, а понекогаш радиото останува да работи и по саат или два...
Во принцип, порано кога имав само радио и тоа обично, го оставав да свири...Сега јок...
Првично заради појачалото кое троши неколку ампера и на тивко кога си работи...
Сигурно на минимум е ампер, + радиото ампер, + отворена врата и сијалици кои светат...Се собира...
И може да се деси ако акумулаторот е постар од три години многу брзо да ти се испразни и да се чудиш...

Како и да е, џиџи, остави го аутото неколку дена, три/четири се доволни за да провериш...Ако нешто ти е сомнително, моја препорака е следнава:
Остави уклучено радио од вечер до сабајле...Нормално заверглај...Колата нема да запали...
Пак у сервис...
Ако ти го напунат, повторно иста шема после неколку дена, недела, две недели...За да бидеш поубедлив...
И за 200-те денари кој ти ги земаа, ја би им викнал инспекција...
Тоа е крајно безобразно...
Која е таа глупост акумулаторот да ми го полнат и да ми земат 200 денари???
КАЈ МИ Е ГАРАНЦИЈАТА???
И јас имам полнач, речи им, беспари ке си го напунам...
Ама акумулаторов ми е под гаранција...
Зошто да давам пари?
Ако нешто го тупат, не разговарам...Инстант им викам инспекција...
Изгледа секоја закана со ДПИ, ги разрешува проблемите...
Имав слично искуство пред недела дена...
Кога бев крајно изреволтиран и им реков дека јас доволно пати се јавувам на телефон за нешто за кое сум во право, и дека мое наредно јавување ке биде во ДПИ а не кај нив...Па давидиш како нареден ден работите си доаѓаат на место...Интересно и вистинито...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #134 на: 12 Мај 2013, 21:19:16 pm »
Се сетив и на тоа, ама ми викаат дојди со колата и коа ќе видат дека има плин - отиде аутоматски гаранцијата (има клаузула у Гарантниот лист).
200 ден викаат полнење, а гаранцијата била во случај на поправка - немало да ми ја наплатат...
Да се надевам дека се работи само за некој „memory effect“ !

http://en.wikipedia.org/wiki/Memory_effect