@Auto
Кај вас во Хемпро лани на 18.01.2012 год. купив акумулатор Топла Топ 12V/60Аh (5762 ваша шифра) и денес се симнувам во гаража - не пали! Клемите се О.К., потрошач не е заборавен плус има и заштитен систем кој ги гаси по 20 мин евентуално заборавените. Сирената е ептен слаба, едвај свети некоја сијаличка од инструмент таблата ... Многу повеќе од јасно е дека акумулаторот цркнал
О.К., шта је - ту је, само имам неколку прашања пошто ја читав гаранцијата:
- Кој ви е сервис и кај се наоѓа, некој контакт телефон и сл. Ја у ствари го немам ни вашиот - не го пишува во документите.
- Гаранцијата е 24 месеци, но има една клаузула на која може да се закачат, а тоа е дека гаранцијата важи само 6 месеци од денот на продажбата, ако има инсталирано плински уред (што не беше кажано при продажбата). Е сеа ја као што можда знаеш, плин монтирав пред месец и кусур дена, а и не ми пали колата директно на плин туку на бензин, а и не ми е јасно што има у ствари све ова врска со акумулаторот? Ионака намерно е предимензиониран (оригиналниот беше 45Ah мислам).
- Акумулаторот е Maintenance free, алтернаторот е исправен, пошто го пратам напонот на Бордот, тоа како го викате Magic eye е зелено ако тоа нешто значи...
- Искрено барав најквалитетен и најскап акумулатор, ич не штедев ниту компензирав во цената со стар акумулатор. Важно ми беше да е беспрекорен. Сакав да купам Exide, у моментот немаше и ми го препорачавте овој како најдобар. Остај друго, истиов и ја им го препорачав и на други колеги од форумов
- Знам дека работава нема врска со тебе, само чисто како најкомпетентен ме интересира твоето мислење и совет како да постапам понатаму, ја без кола не можам да функционирам, а у гаража не можам ни да ја запалам со кабли... Како и да е, ќе се снајдам да дојдам до сервис, само проблем е што и ја сум на работа до 17ч, кажи ми молим те до колку им е работното време на сервисот и дали и до кога работат во сабота?
- Колку што знам, овие акумулатори не се поправаат туку се мењаат со нови, на гаранцијата не пишува дата на производство, ама пишува дека важи 36 месеци од денот на производството, што значи дека ако акумулаторот „лежел“ у дуќан две години - истиот би немал гаранција 2 години, туку само една што исто не е напоменато при продажбата.
Телефон за контакт ми е: 070/276-270, Драган
Среќни Велигденски празници!
П.С. Ако мислиш дека ништо нема да направам, молим те кажи ми само дали имате Exide пандам на овој, колку ампери е по DIN, колку Аh и колку кошта, па да си купам друг (да не шетам наваму-натаму ионака немам ич слободно време) и колку би ми го процениле овој, со обзир на тоа дека е „сув“ акумулатор ... Можеш и на ПП, ако сметаш дека е деловна тајна.
Поздрав
Здраво друже.
Баш ми е криво што така брзо имаш проблеми со акумулаторот, ке се обидам сеа да ти појаснам дел од прашањата, а и ке ти јавам во текот на денов за поопширно.
Инаку за првото прашање.. на самата гаранција на последната страна има бројче од сервисот, 02 317 3258. Се наоѓа во Автокоманда, ке ти објаснам после каде се наоѓа.
2. Точно е дека е ставено акумулатор и појак од што треба, гледам дека таа астра скоро во сите случаи многу брзо го троши фабричкиот(а тој највеќе трае), а во последно време гледам дека и сите афтермаркет акумулатори ставени после фабричкиот со иста или малку поголема ампеража од фабричкиот почнуваат да цркнуваат. Кај тебе е доста појак, па мислам дека тоа не е проблем. Инаку за гаранцијата.. 24месеци е.
3. Претпоставував и дека нема никакви проблеми со полнењето, сепак е прилично нова колата.
4. Чим си земал 60 ампери, не си правел компромис, а и сме ти понудиле нешто во што имаме доверба. Тогаш имаше ексајд кај нас, можда баш во моментот сме немале од таа ампеража која што си барал... Инаку веќе немаме ексајд, ке ти кажам зошто подоцна.
5. Од денот на продажба има 2 години гаранција. на самата гаранција пишува кога е произведен, односно како шифра, со недела и година на прозводство. На корицата од тетратчето плаво има втиснато датум.. пример: F1 4711 и продолжуваат други бројки.
Се надевам ти објаснив делумно што и како, ке ти јавам да ти кажам што понатака, и на телефон ке ти објаснам подетално за прашањава.
Поздрав.
пс. Кое време можам да те побарам?