Ај ве молам за еден совет. Возам Audi A4 B9 2.0TDI 150Hp. На 2-3 наврати кога повеќе денови колата седи во гаража и не ја возам забележувам дека на прво палење малце послабо вергла. Малце сум со OCD, а башка како што пиша еден член погоре „акумулатор се менува на први симптоми“, а со планов да отидам на планина на зимување, не сакам да се прашувам дали ќе запали или зае*е акумулаторот. Да не тупам, што е поентава:
Во моментов во колата има фабрички ОЕМ Exide EFB 92 Ah
Со оглед на тоа дека тој го нема да се купи, на пазарот има опции од кои мене ми фаќаат око Варта или Exide.
Она што барам совет е дали EFB или AGM, и дали 80Ah или 95Ah затоа што на неколку места според возилото ми дава препорака за 80Ah акумулатор?