Знае некој како се проверува дали полни динамо?
Јас проверив по исти пат како на алтернатор ама не покажува дека полни,пример ако врти алтернаторот покажува 14+волти,а на оваа си стои колку шо е акумулаторот 12.5 волти.
Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
Генерално, се проверува исто како и алтернатор.
Динамото на мали вртежи не полни. На повеќето возила со динамо, на лер гас малку им свети контролната сијаличка за полнење. Ако е исправен системот за полнење, на мало додавање гас се гаси, а за да почне посериозно да полни, треба да е над 2.000 вртежи.
Станува збор за трактор,знам дека треба да има контролна сијаличка кога даваш гас да се гаси но овде нема,пробав и на висока туража но пак е исто,веројатно динамото не чини или може четкиците се отидени.
Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
Провери да не е многу лабав каишот па да не го врти динамото.
На динамото има 2 жици/контакти, една по која што полни (дава струја, обично подебела), втората е за контрола на полнењето што доаѓа од реглерот.
За проверка, ако е извадено или без каиш, 2-та контакти/терминали споени на +, динамото на маса, би требало да врти.
Ако врти, најверојатно е дефектен реглерот или инсталација, ако не врти, четкици или изгорен ротор.
Контакти нема лабаво,каишот е стегнат и го врти динамото,проверив вака дирекно на динамото,црвената жица од инструментот дирекно од таму кај шо излегува напонот од динамото а со црната дирекно на шасија ид тракторот (маса) ама не дава никаков напон,пробав и на другата жица од динамото (најверојатно ти шо викаш дека е од реглер до динамо) и таму не дава напон,веројатно четкици или ротор како шо викаш,еве слика.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
Црната жица од инструментот стави ја на нешто чисто, најдобро на телото од динамото, таму каде што е во моментов може да нема маса.
Таму каде што мериш со црвената, дури и без реглер (со откачена таа помалата жичка) би требало да даде неколку волти.
Вториот, помалиот контакт на динамото е практично „довод“ на + од реглерот, оди на статорот и е за контрола на напонот што го дава динамото на начин што повеќе или помалку се магнетизира статорот помеѓу кој се вртат половите на роторот, и да, како што напиша и 386ka, динамото на излез дава ЕДНОНАСОЧНА струја.
Доколку си во можност, демонтирај го динамото и отвори го и види во каква состојба се четкиците.
Дополнителен тест за исправност на динамото е да се спојат двете клеми на заеднички „+“, шасијата од динамото на „-“, на ваков начин динамото има улога на електромотор и би требало да почне да се врти.
Патем, се ова е од информативна природа и не чепкај, дури и само со инструмент од надвор ако не знаеш што правиш, да не излезе тракторот на крај покрај неисправно динамо да има и стопена инсталација.