Џелоу!
На сервис ми рекоа дека Ауто Стоп системот не ми работи поради ослабен акумулатор, а дека акумулаторот може да ослаби поради возење на кратки релации, што за жал, е случај кај мене.
Знам дека со возење на подолга релација, може да се дополни акумулаторот, ама ме интересира, дали има врска каков уред би користел, за да се дополни, или можам најобичен да си земам?
Се работи за Opel Insignia ST 1.6 CDTi, со оригинален АГМ акумулатор од GM.