Нит сум го пребарал нит после што поминав денеска имам намера да го пребарувам,важно ако му се десе нешто има каде да го рекламирам.
Одиш на неколку места нит имат тестер за проверка на акумулатор и алтернатор нит некој избор,се по нарачка,а ја размислив и таа опција за преку карго или слично,ама пак ако ако се десе нешто кој ќе се замара со рекламирање од некаде.А акумулаторот морав да го менувам,утрово ја морав со кабли да ја палам,при проверката моќноста беше испод 150а.
Една продавничка за акумулатори има и таа е од векот,и иронијата да е поголема се вика Монбат,а го немаа тој модел на Монбат.
Така да кренав раце,30 месеци ќе сум раат.
Офф топик,денес исто барав и сет ребрасти каиш па имало два типа,па требало да се растуре па да се виде кој,абе не знам не возам некој си ролс ројс,бугати или спејс шатл.Па во четврток ќе растури и ќе се види кој модел треба па да се земе.
Исто пред некој месец менував рамено,па два пати ми даваа грешно(за постар тип) на третиот пат го погодија.