Zatoa cekam da mi stigne polnac za baterii CTEK za da nadopolnuvam bez vadenje na akumulatorot.
Јас уште не ги ставив колите да напраам по еден рефреш без вадење. Збунка ми се препораките за полнење, односно монтажа на тоа џекот. По видеава на Youtube едни викаат монтирај го џекот директ на акумулатор, а другите викаат минусот да е на шасија. Кај мене акумулаторот е у багажник, и треба да вадам резервна гума што ми е мака. Напред има изводи додуше, па се мислам каде да врзам. И исто не знам дали да го турам на стандард пунење, или на она со снегулка, каде наводно треба да полнет акумулатор со старт стоп или AGM.
Акумулаторите на двете возила се Bosch, колите и двете имаат старт стоп, не знам дали се AGM, но поради години ( едното возило 2011 другото 2014) секако рефреш со полнач не би требало да им направи лошо. Двете возила досега немале мака за палење, веројатно поради тоа што се цело време гаражирани ( зимо во топло, лето во ладно ) каде зимската температура не паѓа под 13 а летната не оди над 30
Мојот CTEK e XS3600, кој во комплетот го содржи и quick конекторот.