Камарад, одлично ги испоентира работите.
Нопе, воопшто не ги испоентира одлично работите. Ти си ги уловил поентите во милион провокаторски прашања и серија 30 епизоди династија. Далеку од тоа дека беа поентирани работи. Поентирање на конкретни работи е да напишеш еден сублимален пост со сите искуства кои си ги стекнал попатно додека си ги осознавал работите што те мачат.
Еве сега ти убаво ги испонтира работите во еден пост. Се надевам @kamarad ќе може со своето искуствоистото да го направи, без други задни намери. Ако има нешто против ексајд, ок, нека каже на крај како заклучок.
Поентирањето го направи преку легитимни прашања кои треба да имаат одговор за да се решат сите недоразбирања. Прашањата се на страна 90, и мислев, со оглед дека тука имаме 2 (или повеќе) увозници, веројатно треба да се однесува за обајцата. Мада спрема дискусијава, таргет е очигледно Анџело со Ексајд.
Мене ми разви желба за повеќе информации на темата, и се надевам дека Анџело ќе го каже својот став, барем по прашањата.
Од друга страна, некако многу ми личи дека новиот јунак е наменски инструиран. Или премногу истражувал ( како јас за вакцините ) или навистина своето лично незадоволство одлучил да го пласира преку популарен медиум. Секако не се исклучени ни конкурентски влијанија, земајќи го фактот дека Ексајд стана популарен релативно брзо, секако со ангажман и посветеност на човекот што го тера а веројатно и поради квалитетот кој што го нуди за прифатлива цена.
Не треба узбурканост. Напротив, во форумов учиме, научуваме. Моето скромно искуство е со 4 ексајди досеа и еден ексајд за скутер. Од тие, 3 тераат повеќе од 3 години, четвртиот иако му беше кратко пројден рокот, ми го заменија, а акумулаторот за скутерчето е земен сезонава, па тек ке градам искуство.
Би сакал иод Камарад да го чујам неговото искуство, ако го има.