ГОЛЕМА грешка друже анџело...со овој одговор си ја закопа можноста, која ти беше дадена...и покрај се што си ни направил на мене, татко ми, колега на татко ми и многу други купувачи излажани преку форумов, кои сеуште не се свесни, а после ова ќе се свестат, што си им направил и ќе ти чукнат на врата...
...и покрај се што дознавме, најмногу на инсистирање на татко ми, одлучивме да ти дадеме можност преку одговор на прашањата да ни објасниш што се случува и кој е главниот виновник: ТИ како увозник, твоите продавачи/дистрибутери, производителот или некој трет, што на сите ни продаде сулфатизирани акумулатори стари 12-13 месеци...
Ок, твој избор...но нема да побегнеш од вистината...претпоставените одговори, поводот и причината за оваа моја дискусија, јас ќе ги објавам ...со аргументи...а ти пробај да ги демантираш.
Бидејки се појави наменски направен скриен профил, а не член на форумот, а знам добро кој стои позади,
Немој да ги потценуваш и да ги навредуваш сите членови - како тоа, велиш дека знаеш кој сум, ама скриен сум и... лажен...
за да директно напаѓа, провоцира, заканува и плука по Exide а и против сите на форумот,
ЦИТИРАЈ точно што те засега...веднаш да ти дадам аргументи, за се што сум рекол.
после толку години наша екстра соработка (преку 300 услужена колеги членови),
не кажа колку од нив се измамени , вклучувајќи не нас тројца...само кај мене во фамилија и колегата на татко ми имаш продадено 4 сулфатизирани акумулатори стари над една година...сите над 6000 ден... Не се плаши, јас и татко ми веќе си купивме нови, ама криво ми е што јас наседнав на препораките од форумув и сите ги навлеков да купат Exide... и ти овозможив на тебе сите да не за-беш.
А ова со Сомбор како и се друго што пишал е смешно да се чита...
ако толку инсистираш, ќе добиеш одговор и за сомбор и за други делови во светот што прави Exide...зошто е казнет 27 милиони долари во Америка, како си игра со купувачите и дилерите, како се прават црните фондови и се продаваат користени/рециклирани акумулатори како да се нови...како дел од менаџерите на Exide во спрега со некои дилери, преку офшор компании манипулираат со пазарот...
...меѓународната истрага која се води против Exide... и не е тајна....скоро ќе даде детални резултати, кои на сите ќе им бидат достапни.
П.С.
Само да ги информирам оние што мислеа дека тактизирам, дозирам и намерно драматизирам...зошто беше таков пристапот:
- Прво, искрено сакав да му дадам шанса на анџело да се обиде да ја ублажи ситуацијава во која се најдовме и да ги спречи или намали понатамошните последици по неговиот бизнис.
- Друго (за мене поважно) да не му пореметам нешто на колегата на татко ми, на кого од продавачите му било ветено дека во минатата сабота ќе му го заменат Exide акумулаторот со нов, затоа што му го продале сулфатизиран 13 месеци стар. За жал, изгледа анџело се исплаши да не му се јават сите на кои им продал стари сулфатизирани акумулатори и до овој момент уште му тактизираат и не му е заменет акумулаторот, иако му ветиле на човекот. Ова го сметам за моја вина...и затоа ќе се потрудам да ги разјасниме овие работи за сите времиња, да се внесат измени во закон за потрошувачи и на други места...и се друго што можам да допринесам на никого да не му се случуваат вакви работи.