Цигара многу знае да заебе работа. Знаат и те како да го укењаат сообраќајот пушачите и многу често ми се случувало да треба да свирам и да се нервирам, зашто на некој му е побитна цигарата.
Иначе на муабетот со секундата. Јас бацив една мечка Ѕ класа од позади ради една, не бре каква една ни пола секунда не беше. Доаѓаме двајцата на раскрсница каде што немаме предност, типов трга пред мене, а ја за секој случај да ѕирнам дали има кола. Видов дека има кола и ја стаив ногата на кочница да застанам, арно ама и типов со мерцедесов застанал малте не на сред пат. Среќа што многу полека се движев и ногата ми беше на кочница па некако изрегирав и немаше никакви штети на возилата. Уствари него му беше подоткачен браникот па ме замараше со европски саат време, ама на крај сам си го средил, не ми се ни јави, ниту пак отидовме у осигурителна.
Многу е битна секоја секунда у сообраќајот и не смее ништо да ти го одвлекува вниманието, зашто не дај боже може да се случат многу полоши работи од чукнуење браник или удирање камион со 5 км/х.