Автор Тема: Правила кај вас во кола?  (Прочитано 23485 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Правила кај вас во кола?
« на: 28 Декември 2012, 09:48:53 am »
Инспириран од муабетот за патосниците, ми текна да почнам тема за Правила во Кола. Кои се правилата кои важат кај вас во кола?

Кај мене:

- Нема цигари во кола.
- Ако надвор има снег, тресеш кондури/чизми/патики пред да влезеш во кола.
- Ако надвор има кал, пред да влезеш кај мене во кола ќе најдеш место да си ги зачистиш кондурите/патиките/чизмите/штиклите.
- Нема пипкање прозори со прсти од внатре.
- Нема отварање прозор после перење.
- Деца кои седат на задни седишта, ќе седат на задни седишта. Нема да стојат исправени и да праат муабет фатени за возачко/совозачко седиште. Секогаш инсистирам малите деца да имаат каиш.
- Во никој случај не смее лупање врата. Имам исфрлено човек од кола ради ова. Лупни ми еднаш врата, ќе добиеш опомена. Лупни втор пат, ќе те оставам каде и да сме, и нема веќе никогаш да ми влезеш во кола.
- Храна и пијалоци се дозволени, али со многу пазење.
- Не ми смета ако ми смениш музика.
- Ми смета ако ја пуштиш прегласно.
- Ако отвориш прозор, твоја одговорност е да го затвориш.

Ако ми текне уште нешто, ќе допишам.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #1 на: 28 Декември 2012, 09:56:27 am »
- забранети се прашања од типот колку троши и што ти се овие сијалички што ти светат на шалтаблата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #2 на: 28 Декември 2012, 09:56:33 am »
Кај мене:

- Нема цигари во кола.
- Ако надвор има снег, тресеш кондури/чизми/патики пред да влезеш во кола.
- Ако надвор има кал, пред да влезеш кај мене во кола ќе најдеш место да си ги зачистиш кондурите/патиките/чизмите/штиклите.
- Нема пипкање прозори со прсти од внатре.
- Нема отварање прозор после перење.
- Во никој случај не смее лупање врата.
- Храна ако не троши може, вода е добредојден пијалок.
- Ми смета ако ја пуштиш прегласно.
- Ако коментираш при возењето, уште толку ќе го правам тоа што не го сакаш. (Освен за постари од 60 години, тогаш разбирам)
- Совозачот согласно титулата секогаш е задолжен да предупреди за знаци за дозволена брзина на движење, камери и полициски коли.

П.С. Темава е премногу слична со онаа за „опсесиите“. Премногу.
« Последно менување: 28 Декември 2012, 10:11:27 am Deni »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #3 на: 28 Декември 2012, 09:57:57 am »
Немој да се разврзам.. :D Подобро и поефикасно би било само едно правило - Забранет влез во кола за сите! :D

Во принцип, се што ти наведе, со мали измени, и плус уште нешто. Вака:

- Нема цигари во кола. Ни под разно. Нема апсолутно никакви шанси.
- Ако надвор има снег, тресеш кондури/чизми/патики пред да влезеш во кола. Разбирливо.
- Ако надвор има кал, пред да влезеш кај мене во кола ќе најдеш место да си ги зачистиш кондурите/патиките/чизмите/штиклите. Исто.
- Нема пипкање прозори со прсти од внатре. Строго забрането, освен за деца, можам да толерирам, но само еден прст.
- Нема отварање прозор после перење. Џабе е перењето, ако отвориш прозор после перење.
- Деца кои седат на задни седишта, ќе седат на задни седишта. Нема да стојат исправени и да праат муабет фатени за возачко седиште. Секогаш инсистирам малите деца да имаат каиш. Не инсистирам, туку обавезно е каиш, плус ако има можност и возрасен да седи назад до нив. Напред - никако возење.
- Во никој случај не смее лупање врата. Имам исфрлено човек од кола ради ова. Лупни ми еднаш врата, ќе добиеш опомена. Лупни втор пат, ќе те оставам каде и да сме, и нема веќе никогаш да ми влезеш во кола. Секако, можеби не до таа мера, но ќе го "налепам" поштено, за да не му текне пак.
- Храна и пијалоци се дозволени, али со многу пазење. Никако - можеби само вода.
- Не ми смета ако ми смениш музика. Радиото, само јас го баратам.
- Ми смета ако ја пуштиш прегласно. Види погоре.
- Ако отвориш прозор, твоја одговорност е да го затвориш. Да.

- ми смета чачкање насекаде
- чукање во ритам на музика на шалт-табла
- мрдање, викање, плукање (течно зборување)
- непотребно отворање на сунцобраните, и нивно лупање по затворање
- лупање на касетата
- нагло поместување на седишта
- невнимавање кога влегуваат и излегуваат во кола. Последици - како ураган да поминал низ кола, а не човечко биќе.

И еве сега Deni ме потсети - не ми кажувај како да возам. Никако, никогаш, никаде.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #4 на: 28 Декември 2012, 10:03:43 am »
Не ми кажувај како да возам, прво и основно. Останатото само однесувај се нормално.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #5 на: 28 Декември 2012, 10:20:44 am »
Ако не земете соба некоја каде што вие само ке седите, зборувате, ке се возите итн итн...Изолирана, стерилна, недостапна за надворешен свет...
Па добро бре мајкуму, кола е...
Не е човек...

- забранети се прашања од типот колку троши и што ти се овие сијалички што ти светат на шалтаблата.

Децата највеќе сакаат да гледаат во таблата...Да се радуваат...Посебно ако се возат во алфа...Им наликува на новогодишна елка...толку многу сијалички, толку многу разнобојни, за мерак...Па децата се најголемото богатство, зарем да им се ускрати правото за тоа?  ;D ;D ;D ;D

Инаку...Една работа...
Точно е дека колата не треба да ти наликува на секлка кола за во нива, но да и се тресам на ствар која што мене треба да ми биде слуга, а не јас на неа, нопе...Нема шанса...

Пушење секаде ми смета, а не па во затворен простор...Ако не ми се пуши дома, нема да пушам во кола...
Тресење на чевли е сосема нормална работа, како што е и пред да влезеш дома, да ги забришеш и истресеш...
Храна, вода, зезање, пеење, тропкање по шалтабла и слични работи се дел од животот кој го прават да биде ЖИВОТ, не покоп...
Дај боже сите да си дочекате дечиња, најголема радост на некого што може да му се случи, па ако имате срце да го тепате детето ради некаква си глупава кола која не вреди ни илјадинка од животот на малото суштество, по мене не вреди да го губите времето на планетава...Да го воспитувате исправно и правилно да...На ниедно дете не можете да му завраните да си го стави рачето на замаглен прозор и да се залепи со носето на него ;) Па да нацрта ѕвездичка, да напише мама, тато...

Но да не се забегува со темата, ете ги моите видувања...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #6 на: 28 Декември 2012, 10:24:03 am »
Кај мене е доста слично како Зеро и Дени:
- Појас за сите патници. Поготово на подолги патишта надвор од град.
- Деца во детски седишта, или врзани на задно седиште, ако во моментот искрснала ситуација да се нема детско седиште. Бебиња и помали деца, се оставаат сосе транспортер кај бабите, за да може правилно било кој да го превезе.
- Нема цигари во кола. Дури и кога бев пушач, не се пушеше во моите возила и беше забрането.
- Ако надвор има снег, тресеш кондури/чизми/патики пред да влезеш во кола. На стилото си го набив прагчето, тресејќи скијачка кондура од прагче, не го правете тоа, истресете ја со нешто друго скијачката кондура.
- Ако надвор има кал, се прекрстувам, знам дека ќе перам патосници наскоро.
- Нема пипкање прозори со прсти од внатре. А уште помалку цртање смајлија и срценца на замаглени прозори кога си на водно. :)
- Нема отварање прозор после перење. Освен ако не си влегол на паркинг со рампа. И во вакви лигави времиња. Тука нема помош...
- Во никој случај не смее лупање врата. Татко ми никако да го разбере ова. Веќе 20 години немаме застава, дури и на самарата префектно се затвараа вратите.
- Храна ако не троши се рони и капе може, вода и сокови може. Кифли и сусам низ кола и по седишта ептен ми одат на живци (син ми е исклучок, може и да троши и да прља и што сака да праи, секако добива воспитувачки тонови, но нема да го исфрлам од кола.)
- Музика никој не може да пушти гласно во 166-ката. Но ако го оптерети системот да отиде во дисторзиони крештења, музиката ќе биде утишана.
- Ако коментираш при возењето, уште толку ќе го правам тоа што не го сакаш. (Освен за постари од 60 години, тогаш разбирам)
- Ако мислиш дека знаеш подобра рута, кажи ја пред да завртам, а не откако ќе заврам да ме прашуваш „зошто одиш од тука“.


BTW, кога имате деца, голем дел од правилата се менуваат.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #7 на: 28 Декември 2012, 10:51:32 am »
Немам ја премногу вакви правила во кола, ниту јас се потресувам толку многу, ниту барам некој да се осеќа во кола како во затвор да му е страв да мрдне или да не згреши.

Единствено битно ми е да не се однесува бахато, како да е крадена колата па апла со кал да ми влезе или со кило снег, или кога влага позади да испомава секаде со нозете и да испопрља, а нема потреба од толку.

Иначе на подолг пат може пушење цигари, може јадење, може пиење, може кревање нозе без патики каде сакаат. Музика секогаш може да сменат, гласноќата зависи од расположение. Чепкање, пеење, фаќање ритам е дозволено, без никаков проблем.

Једино во град мнооогу ретко дозволувам да се запали цигара, затоа што воглавном се кратки релации, па ќе се стрпат, тресење во пепељара никогаш, освен на подолг пат може во влажна марамица во пепељарата. Јадење во град исто не е препорачливо ако се работи за лиснато и сендвичи со многу кечап и мајонез ;D

Барам само со должно внимание да се однесуваат со колата, без вакви болно педантни ствари :)
Иначе јас горе доле се однесувам како што напишавте, само не го барам тоа од сопатниците.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #8 на: 28 Декември 2012, 10:53:47 am »
Секако и јас не им ја читам листава на правила пред да влезат луѓето во  кола, ама ако приметам - кажувам :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #9 на: 28 Декември 2012, 11:31:32 am »
Без пушење цигари во кола (јбг не сум пушач, нека се стрпи, на долги релации, ќе застанеме да се растекнеме, башка 3 врати кола)

Совозач обавезно појас, позади што сакаат нека прават.

Јадење може но некое што нема да остави миризливи последици или мрсни (пример, кроасан ѓеврек, ладен сендвич ..)

Разбирливо е дете да штрака по копчиња (и јас сум го сакал тоа) но не и возрасен човек колку да му биде интересно.

Се друго, генерално не ми смета доколку ситуацијата налага така. Доколку нешто е направено од инат и пакост, воведуваме DEFKON 1 ;D ;D ;D
« Последно менување: 28 Декември 2012, 13:30:46 pm AllMightyMe »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #10 на: 28 Декември 2012, 12:15:44 pm »
Без пушење цигари во кола (јбг не сум пушач, нека се стрпи, на долги релации, ќе застанеме да се растекнеме, башка 3 врати кола)
Совозач обавезно појас, позади што сакаат нека прават.
Јадење може но некое што нема да остави миризливи последици или мрсни (пример, кроасан ѓеврек, ладен сендвич ..)
Разбирливо е дете да штрака по копчиња (и јас сум го сакал тоа) но не и возрасен човек колку да му биде интересно.
Се друго, генерално не ми смета доколку ситуацијата налага така. Доколку нешто е направено од инат и пакост, воведуваме
DEFKON 5 ;D ;D ;D
Ваљда 1.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3742
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #11 на: 28 Декември 2012, 12:23:44 pm »
да се надоврзам на горните постови :)
-трескање на вратата
-забрането тресење пепел во пепељара, дозволено е пушење само на совозачко седиште :)
-никој не смее да ми мењава усб на цд-плеерот
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #12 на: 28 Декември 2012, 13:29:22 pm »
нема јадење во кола,пушење може ако знае да пуши ако незнае неможе,до сега врата никој не ми треснал
тоа со кал снег,ако влезе здравје на следно перење ќе се исчисти :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #13 на: 28 Декември 2012, 14:59:38 pm »
- нема пушење

- нема возење во моја кола пијан. Ни позади. Ќе те частам такси, ама не може кај мене у кола.

- нема оставање никакви предмети, ќеси, торби, што-било во просторот пред нозете и меѓу седиштата, освен можеби мали и меки женски чанти. ЦЕЛИОТ багаж МОРА да биде во гепек. Ако нешто не собира во гепек - не го носиме.

- дозволени се мали пластични шишиња со вода, сместени во соодветните места во внатрешноста на колата.

- јадење уз вожња не е дозволено. ќе застанеме некаде и ќе јадеме.

- мораат сите да бидат врзани без оглед на должината на релацијата. И ако се возиме 20 метра низ паркинг - мораш да се врзеш.

- сите мораат да бидат седнати прописно. седење на страна, кревање и пружање ноги, вртење позади од совозачко место... ништо од тоа не е дозволено. Исклучок е подолг пат со тројца во кола: тој што е позади сам може да прилегне ако сака, под услов да лежи на страна, гзот да му е накај напред а фацата накај позади. Лежење на грб или стомак не е дозволено. При тоа, легачот ја прифаќа одговорноста за фрактура на череп доколку некој морон не удри странично, во вратата кај што му е главата.

- забрането е сугерирање на возачот како да вози. На кој не му се свиѓа стилот на возење, може веднаш да се симне

- деца мора да бидат во соодветно седиште. Седење во скут нема шанси.

- за гласноста и типот на музиката одлучува возачот.


Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8525
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #14 на: 28 Декември 2012, 15:08:43 pm »
И кога пушев не пушев во кола, не дека строго е нешто амана некој ако му е фрка и ќе му дадам да запали, само во пепељара нема тресење. Иако во алфава на пример колку што памтам никој цигара не запалил, ме разбирале кога ќе кажам не пушам ама запали ако ти е фрка.

За друго немам некој правила сите горе наведени се општи при кои ситесе придржуваат па и јас ама несум толку строг. Најверојатн ќе бидам кога ќе купам на ново кола и додека и имам ќеиф или додека ненапраам некое детенце :) .

Иначе кај мене кој сака нека се врзе, негов проблем, моее да му предложам само заради казните. Прифаќам кога ќе ме опомене некој за лудачко возење низ град, тоа е вистинска опасност за сите околу мене, гледам да се прилагодам.