Мене еднаш у возење ми падна упалена цигара низ ногавица У КУР (носев широи шорцеви, летно време) во крајно, крајно незгодна ситуација (средна лента, и од лево и од десно залетани коли). Многу ризично се престроив во десна лента, па од таму со лупање се качив на тротоар. Панично отворив врата (пошто ме гореше меѓу јајца цигарата!), еден дечко на мотор ЕДВАЈ докочи да не се удри у вратата моја. Многу пцуење, многу извинувања, многу непријатно искуство.
Од тогаш реков нема пушење у кола.
Срамното е што требаше да ми се деси такво нешто па да ми текне дека пушење у кола носи непредвидени ситуации и опасности. Требаше тоа да ми текне пред да се изложам себе си и другите околу мене на потполно непотребна опасност.