Автор Тема: Намалување на потрошувачката.  (Прочитано 265095 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #840 на: 24 Октомври 2014, 20:48:23 pm »
Чим брзината ти паѓала не го исполнуваш условот возење во најниските можни вртежи за да се одржи брзината. Чим брзината паѓа и мораш да прешалташ - вртежите се под најниските можни. Така да примерот не е релевантен, сори.
Теренот го налага тоа. Не е константна угорница. Некаде е 3% некаде е 7%

...така да, твоето „нормално“ возење, при што си потрошил најмалку гориво е токму тоа кое го опишувам - возење во највисокиот МОЖЕН степен на пренос.

Ако наместо 2500-3000 си убацел во брзина подоле и си ги качил вртежите - funny thing happens: вртежите ти се поблиску до максималната ефикасност, но потрошувачката ќе расте!

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43792
  • Il Moderatore
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #841 на: 24 Октомври 2014, 20:49:33 pm »
не.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6635
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #842 на: 24 Октомври 2014, 20:49:40 pm »
@filipv, да речеме дека на рамно се движиш со 100 км/ч, а притоа гаста ти е притисната 1/4 да речеме, дали кога ке дојдеш на успон, гаста ке продолжиш да ја држиш на 1/4 или пак ке ја притиснеш повекe, да речеме 1/2 за да одржаваш брзина ?

Еве ја ке ти кажам пример. Возам со болидот, половина притисната педала, одржавам брзина од 90-100 км/ч. Доага нагорно, почнува колата да успорува. Притискам педалата за гас до доле, брзината да речеме паднала на 75-80 км/ч, ама од моторот слушам зголемена бучава него претходно кога сум возел со половина притисната педала.
Дали тоа значи дека на 75 км/ч на нагорното трошам помалку гориво отколку кога сум возел 100 км/ч на рамното ? Само да ти нагласам дека останувам во ист степен на пренос.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #843 на: 24 Октомври 2014, 20:51:02 pm »
не.

E како бе не?! Си убацувал у пониска брзина пошто колата успорувала! Таа пониска брзина е следствено највисоката можна: си прешалтал ЕДНА а не ДВЕ брзини подоле. Зашто иначе си прешалтал ако можело и во повисоката?! Нели теренот така налагал?

@filipv, да речеме дека на рамно се движиш со 100 км/ч, а притоа гаста ти е притисната 1/4 да речеме, дали кога ке дојдеш на успон, гаста ке продолжиш да ја држиш на 1/4 или пак ке ја притиснеш повекe, да речеме 1/2 за да одржаваш брзина ?

Еве ја ке ти кажам пример. Возам со болидот, половина притисната педала, одржавам брзина од 90-100 км/ч. Доага нагорно, почнува колата да успорува. Притискам педалата за гас до доле, брзината да речеме паднала на 75-80 км/ч, ама од моторот слушам зголемена бучава него претходно кога сум возел со половина притисната педала.
Дали тоа значи дека на 75 км/ч на нагорното трошам помалку гориво отколку кога сум возел 100 км/ч на рамното ? Само да ти нагласам дека останувам во ист степен на пренос.

Filo, не праиме за ова муабет, скроз друго муабетиме. Инаку, сигурно дека на угорница ќе притиснеш повеќе отколку на рамно. За конкретните бројки што прашуваш - немам поим.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6635
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #844 на: 24 Октомври 2014, 20:56:01 pm »
Епа за конкретните бројки што ти ги спомнав, а ти нагласувам дека и бучавата се зголемува од моторот, значи дека детонацијата во моторот е зголемена, значи согорава повеке гориво за да одржува брзина. Од друга страна, ако вратам во 3-та, бучавата е иста, ама со гас до крај ке почне и да забрзува, додека пак ако сакам да одржувам 70 км/ч на успонот, во трета брзина на 3/4 ке ја држам гаста, а во 4-та ке ми треба гас до крај.

Затоа и јас сметам дека на успон највисокиот степен не секогаш ке биде најекономичен.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #845 на: 24 Октомври 2014, 20:57:36 pm »
Експлозии да, детонации се надевам не. :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43792
  • Il Moderatore
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #846 на: 24 Октомври 2014, 20:59:30 pm »
не.

E како бе не?! Си убацувал у пониска брзина пошто колата успорувала! Таа пониска брзина е следствено највисоката можна: си прешалтал ЕДНА а не ДВЕ брзини подоле. Зашто иначе си прешалтал ако можело и во повисоката?! Нели теренот така налагал?

Еве вака не. Ама прати внимателно.
Возам нагоре, имам притисната педала до крај, затоа што мора да одржувам макс торк при 1200-1300 вртежи во 5та брзина. Поради малиот број вртежи, имам и мала снага, но доволна да се движам рамномерно.
Доаѓам до поголем успон, вртежите почнуваат да паѓаат, менувам во пониска, пошто веќе оваа не е максималната брзина во која може да качувам со константна брзина. Пак ми ре папучата речси до крај, со 1500-1600 вртежи во помал степен на пренос. И се` така до средно, кога ќе почне да растат бројот на вртежи поради пад на нагибот, менувам во поголема брзина за да го постигнам „максималниот можен пренос“.

Вториот тест, возам нормално, ко` што се вози, на 2500-3500 вртежи ми треба 1/4 од притисокот на педалот на гас, затоа што имам вртежи кои заедно со торкот ми даваат снага за да возам константно со истата брзина, плус резерва на снага ако треба да забрзам. Моторот работи во за него поефикасен режим, и наместо да е неговата ефикасност да е 10%, неговата ефикаснот при тој оптимален режим е 30%. И јас имам помала потрошувачка.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #847 на: 24 Октомври 2014, 22:47:10 pm »
На кого докажуваш симо?
Мора некој да му сними, ќе се обидам јас во најскоро време :)

Отсутен Ford_Sierra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 107
  • Sierra_86
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #848 на: 26 Октомври 2014, 07:07:27 am »
Секогаш кога сум се обидувал да заштедам на гориво и пртоа сум возел на најниски можни РПМ, сум добил негативен резултат. Не сум сигурен за бензинциве ама за дизел сум сигурен 90километри на час, во највисок можен пренос и одприлика 2000 рпм добитна комбинација. Не ги мачете машините на ниски обрти, дајте им малце "душа" и тие ќе ви вратат со помала поторшувачка.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6786
  • Бенве сие бенве
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #849 на: 26 Октомври 2014, 08:15:49 am »
Нека е и литро плус само да не ме пцујат 99% од учесниците во сообраќајот, а башка и што ќе неможам да се опуштам на раат растеретен да си возам!

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #850 на: 26 Октомври 2014, 09:42:24 am »

Нека е и литро плус само да не ме пцујат 99% од учесниците во сообраќајот, а башка и што ќе неможам да се опуштам на раат растеретен да си возам!
Zatoa 120 a ne 90.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43792
  • Il Moderatore
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #851 на: 26 Октомври 2014, 10:00:09 am »
Е сеа, како на едно исто возило, да ја намалиме потрошувачката при 120км/ч ? ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #852 на: 26 Октомври 2014, 10:06:56 am »
Да му ја зголемиме аеродинамиката, или наместо бандажи со гуми да му ставиме тркала од воз.

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #853 на: 11 Ноември 2014, 18:52:09 pm »
Е сеа, како на едно исто возило, да ја намалиме потрошувачката при 120км/ч ? ;)

на рамен пат ке го возиме во overdrive степен на пренос(5та или 6та), на угорница 1 брзина подолу, штом ке почне да омалаксува пак степен подолу, брзината ке остане 120(ако дозволува мењачот) само вртежите ке се покачат

јас најчесто возам 1 брзина подолу од таа што можам да ја возам, бидејки така секогаш имам повеќе сила на располагање ако треба да забрзам.
ова ми важи за низ град каде многу често ми треба нагло да забрзам или успорам.
пример возам 50 во 3та а можам и во 4та ама ако треба да забрзам нагло во 4та од 50 до 60 ке му треба повеќе време и ке потроши повеќе бензин.
(ова низ град каде што има многу промени на брзината, тргни застани...)

повеќе пати ми е пробано ако возам низ град со максимален степен на пренос што дозволуваат условите ми троши повеќе гориво, незнам можеби е и до стилот на возење но претежно возам релаксирано.

инаку возилото е фичо 750, 600-610кг и 25hp.

на отворено ако не е угорница си ја возам 4та без разлика дали возам 60 или 80-90, иако и во 3та оди толку, ако има успон одма 3та, со ваков режим мислам дека ми троши најмалку гориво.

разбирам дека брзините ви изгледаат мали, но зборувам да не го силовам количето, ако возам 120 тогаш обртаите се блиску до максималните обрати на моторот и тогаш потрошувачката нормално да е поголема

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #854 на: 14 Јануари 2015, 07:34:15 am »
Може е глупо прашањево али најсоодветна темава ми беше за ова прашање


Дали е можно од расипан термостат да се зголеми потрошувачката ???, односно водата нон стоп циркулира и машината е многу под работна температура, од Влае до Центар едвај постигнува 60тина преку сила 70тина степени
No turbo, no fun :)