Е сеа, како на едно исто возило, да ја намалиме потрошувачката при 120км/ч ?
на рамен пат ке го возиме во overdrive степен на пренос(5та или 6та), на угорница 1 брзина подолу, штом ке почне да омалаксува пак степен подолу, брзината ке остане 120(ако дозволува мењачот) само вртежите ке се покачат
јас најчесто возам 1 брзина подолу од таа што можам да ја возам, бидејки така секогаш имам повеќе сила на располагање ако треба да забрзам.
ова ми важи за низ град каде многу често ми треба нагло да забрзам или успорам.
пример возам 50 во 3та а можам и во 4та ама ако треба да забрзам нагло во 4та од 50 до 60 ке му треба повеќе време и ке потроши повеќе бензин.
(ова низ град каде што има многу промени на брзината, тргни застани...)
повеќе пати ми е пробано ако возам низ град со максимален степен на пренос што дозволуваат условите ми троши повеќе гориво, незнам можеби е и до стилот на возење но претежно возам релаксирано.
инаку возилото е фичо 750, 600-610кг и 25hp.
на отворено ако не е угорница си ја возам 4та без разлика дали возам 60 или 80-90, иако и во 3та оди толку, ако има успон одма 3та, со ваков режим мислам дека ми троши најмалку гориво.
разбирам дека брзините ви изгледаат мали, но зборувам да не го силовам количето, ако возам 120 тогаш обртаите се блиску до максималните обрати на моторот и тогаш потрошувачката нормално да е поголема