Ја прочитав скоро цела тема од почеток до крај и пак многу спротиставени мислења и некои работи не останаа јасни.
Некои пишаа дека кај новите коли, кога не стискаш на гас, воопшто не се троши бензин. На пример при удолница или слично.
Не разбрав кај кои нови коли? Јас сум со Пунто класик 1.2 бензин 2008-ма.
Доколку сакаш потрошувачката да ти е поднамалена, слободно вози го така како што повекето имаат советувано низ темава, место во лер, да успоруваш по булевари со моторно кочење. Тоа правило не важи само кај коли со карбуратори, кај нив потрошувачката ке се намали доколку возилото се пушта во лер ако гледаш дека семафорот е црвен.
А при надолнина, возилото секогаш се препорачува да се спушта во брзина не само заради потрошувачката, туку и заради безбедносни причини.