Автор Тема: Намалување на потрошувачката.  (Прочитано 282118 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #570 на: 14 Јануари 2014, 11:46:53 am »
6. Гумите да се напумпани, колку што треба и да се проверуваат секој месец. Подиздишани гуми се лоша работа. И малку пренапумани не е лошо.
пратен на : Декември 31, 2010, 12:47:29

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #571 на: 14 Јануари 2014, 11:48:47 am »
ќе дискутираме за релевантноста на факти презентирани на форуми уз пиво... ШтомADAC не те цитирале - ништо

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #572 на: 14 Јануари 2014, 16:33:06 pm »
1. Стартувај нагло, не се влечкај! При стартување од место/семафори/итн итн... убаво оптерети го моторот. Брзината со која мислиш да возиш (на пр 60 км/х) постигни ја за што пократко време, а кога ќе ја постигнеш - убаци у најголемата можна брзина. „Пензионерско“ возење НЕ Е штедливо возење, напротив.

Ова за нови коли да, но за постари мислам дека не важи. Еве јас се земам за пример. Таткоми со наша кола се влече ко полжав. Уште на 40 км/ч става во 4 брзина, достигнува докај 55-60 на булевари, но попрво ке отидеш ке се олесниш во веце отколку таткоми што ке стигне до 60 км/ч.
Ја возам обратно, нешто повеке стискам на гаста, побрзо забрзувам, не се влечам, побрзо стигам и одржавам брзина од 60-65.

Крајниот резултат сакаш да го чуеш ? Јас имам поголема потрошувачка него таткоми. Затоа и честопати кога ја возам, често ми дофрла, доста стискаш на тоа гаста, арчиш само гориво.
Јас никогаш под 9 литри плин во град не сум спуштил дури и летно време, а таткоми има успеано и до 8 да ја спушти летно време во град.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #573 на: 14 Јануари 2014, 16:42:02 pm »
Точно, ова важи само за понови коли со ECU и инџекшн, каде што компјутерот, а не возачот одлучува колку точно гориво ќе влезе во цилиндарот. Ова важи за коли немаат саух и не можат да „пресисаат“.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #574 на: 14 Јануари 2014, 16:45:21 pm »
Тоа правило има „грешка“ кога станува збор за бензинци.
Јас би применил нешто во овој стил:

1. Стартувај нагло брзо, не се влечкај! При стартување од место/семафори/итн итн... убаво оптерети го моторот. Брзината со која мислиш да возиш (на пр 60 км/х) постигни ја за што пократко време,притоа водејќи сметка моторот да биде во оптималниот опсег на ефикасност - околу вртежите со најголем торк а кога ќе ја постигнеш - убаци у најголемата можна брзина. „Пензионерско“ возење Е штедливо возење, далеку поштедливо од “градски тркач“ возење.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #575 на: 14 Јануари 2014, 16:47:46 pm »
Симо во и30 109кс најголем торк е на 5000rpm.

Дали тоа значи да притискам до 5000rpm па потоа да сменам брзина за економично возење?

Ова не е начин со кој ќе се добие ниска потрошувачка.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #576 на: 14 Јануари 2014, 16:51:02 pm »
можеш да менуваш на 4500 пак сме тука околу најголемиот торк. Битно е при забрзување да ја користиш максимално најдобрата ефикасност на моторот. Кај што најмногу дава за најмалце. Ако отидеш над максималниот торк, веќе ефикасноста се намалува, троши повеќе гориво, отколку кога би сакал штедливо да поминеш.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #577 на: 14 Јануари 2014, 17:05:34 pm »
Кој разбира руски  ???


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #578 на: 14 Јануари 2014, 17:12:08 pm »
како успеал во неговата дневна соба од старата лада 110 со 75 кс да ја направел како што разбрав сто и нешто со мали модификации со апаратче што играло некоја улога со струјата и притоа да ја намалел потрошувачката, станал популарен и сега имал работа преку глава :) во истата соба и работел и спиел  8)
« Последно менување: 14 Јануари 2014, 17:55:07 pm achtung »

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #579 на: 14 Јануари 2014, 17:48:03 pm »
Кој разбира руски  ???


ахахахаххахахахахаха лудак

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #580 на: 14 Јануари 2014, 18:16:30 pm »
Моторот го има направено со 22:1 CR,притоа нема никакви детонации,користи обичен бензин и намалување на потрошувачка при нормална експлатација,иначе не е лудак чикава си го има патентирано изумот :D имам книгата од него ако разбира некој руски и ако го интересира ќе му ја пратам.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #581 на: 14 Јануари 2014, 18:34:22 pm »
јас разбирам и говорам руски. Мене ми е сулудо неговото.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #582 на: 14 Јануари 2014, 18:50:14 pm »
Тоа правило има „грешка“ кога станува збор за бензинци.
Јас би применил нешто во овој стил:

1. Стартувај нагло брзо, не се влечкај! При стартување од место/семафори/итн итн... убаво оптерети го моторот. Брзината со која мислиш да возиш (на пр 60 км/х) постигни ја за што пократко време,притоа водејќи сметка моторот да биде во оптималниот опсег на ефикасност - околу вртежите со најголем торк а кога ќе ја постигнеш - убаци у најголемата можна брзина. „Пензионерско“ возење Е штедливо возење, далеку поштедливо од “градски тркач“ возење.

Како ќе забрзуваш на зелено ако ги држиш вртежите во тој-и-тој-некој-си-оптимален-опсег? Чим забрзуваш вртежите се менуваат.

Нема врска на колку вртежи е најголемиот торк кој моторот може теоретски да го испорача. Битно е тој да биде најголем за зададените вртежи кои се менуваат (пошто забрзуваш!!! не седиш на едни исти вртежи). Тоа, скратено, се вика педала до под.

Што ако најголемиот торк е на - незнам - 4000 рпм? Ќе го држиш моторот на 4000 рпм? Како тогаш ќе забрзуваш?

Нема врска каде е најголемиот можен торк. Битно е да го постигнуваш најголемиот можен торк во дадениот момент, а тоа е педала до под.

Колку повеќе работа заврши моторот во секој поединечен циклус - толку е подонбар односот „загуби/полезно дејство“ - толку е поголема заштедата.

Наједноставно вака се сфаќа: постигни ја таргетната брзина за најкратко можно време! и после убаци во највисокиот степен на пренос за крстарење (забрзување=нула). Тоа е тоа. Нема многу филозофии. После патарина мислиш да возиш стотка? Треба да постигнеш личен рекорд 0-100. Нема везе у која брзина и на колку вртежи. У трета до блокада? У трета до блокада! Само времето те занима. ТАКА ќе потрошиш најмалку гориво.

Повторувам, сето ова важи САМО за коли со ецу и електронска контрола на вбризгувањето.

За постари коли со карбуратор важи ова што го вели Симо.

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 966
    • nobrain.dk
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #583 на: 14 Јануари 2014, 21:57:19 pm »
филип те гледам многу си вичен за овие работи, може малку помош, како да знам кој е најголем можен торк на 1.2 65коњски фијатов мотор на `големото пунто`. Јас на зелено светло ако го стискам, компјутерот мери 25л на 100 =) се дур не стигнам да речеме 60 на час каде од втора ако убацам да речеме 4та или 5та паѓа на 4.5/5.5л на 100. Муабетот ми е, јас често низ град менувам од 2 до 3000 обртаи без многу стискања и константо имам 6л просек потрошња, такозвано пензионерско возење, а доколку на отворено ги цедам до 5000. Како да ја применувам твојата метода?
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #584 на: 14 Јануари 2014, 22:05:00 pm »
У кратки црти, размишљај вака:

Што е подобро - за 5 секунди да потроши вкушно 100 ml гориво, или за 20 секунди да потроши 200ml грама гориво? Со други зборови, моменталната потрошувачка е можеби помала, но подолго трае ако поспоро забрзуваш.

Колата највеќе троши при забрзување. При одржување брзина потрошувачката е драстично помала. Затоа се штеди гориво ако фатиш зелен бран и одржуваш (рецимо) 60 на саат.