Тоа правило има „грешка“ кога станува збор за бензинци.
Јас би применил нешто во овој стил:
1. Стартувај нагло брзо, не се влечкај! При стартување од место/семафори/итн итн... убаво оптерети го моторот. Брзината со која мислиш да возиш (на пр 60 км/х) постигни ја за што пократко време,притоа водејќи сметка моторот да биде во оптималниот опсег на ефикасност - околу вртежите со најголем торк а кога ќе ја постигнеш - убаци у најголемата можна брзина. „Пензионерско“ возење Е штедливо возење, далеку поштедливо од “градски тркач“ возење.
Како ќе забрзуваш на зелено ако ги држиш вртежите во тој-и-тој-некој-си-оптимален-опсег? Чим забрзуваш вртежите се менуваат.
Нема врска на колку вртежи е најголемиот торк кој моторот може теоретски да го испорача. Битно е тој да биде
најголем за зададените вртежи кои се
менуваат (пошто забрзуваш!!! не седиш на едни исти вртежи). Тоа, скратено, се вика педала до под.
Што ако најголемиот торк е на - незнам - 4000 рпм? Ќе го држиш моторот на 4000 рпм? Како тогаш ќе забрзуваш?
Нема врска каде е најголемиот можен торк. Битно е да го постигнуваш најголемиот можен торк
во дадениот момент, а тоа е педала до под.
Колку повеќе работа заврши моторот
во секој поединечен циклус - толку е подонбар односот „загуби/полезно дејство“ - толку е поголема заштедата.
Наједноставно вака се сфаќа:
постигни ја таргетната брзина за најкратко можно време! и после убаци во највисокиот степен на пренос за крстарење (забрзување=нула). Тоа е тоа. Нема многу филозофии. После патарина мислиш да возиш стотка? Треба да постигнеш личен рекорд 0-100. Нема везе у која брзина и на колку вртежи. У трета до блокада? У трета до блокада! Само времето те занима. ТАКА ќе потрошиш најмалку гориво.
Повторувам, сето ова важи САМО за коли со ецу и електронска контрола на вбризгувањето.
За постари коли со карбуратор важи ова што го вели Симо.