Автор Тема: Намалување на потрошувачката.  (Прочитано 316797 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6862
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #945 на: 30 Јуни 2023, 22:27:43 pm »
Ме мрзи да вртам назад низ темава многу страни има. Некој постар член ако може накратко да напише довети за намалување на потрошувачката низ град?
Читав и друга тема намалување на потрошувачката со нагло забрзување и можеби е валидно, нпр. забрзување со прва до кај 2500 вртежи, но со притискање повеќе на педалата за гас и менување во втора, истото и за во трета и лабаво возење со четврта на 40-50 км/ч.(кај мене е на 1500 вртежи ако добро памтам со четврта на 40). Разликата е мала.
Отворено троши ко упаљач 7л. фул товарена на нагорнина, ама градска јаде 12 празна, дали дека не можам да издржам па менувам на 4000 вртежи понекогаш, а еден резервоар го трошам еднаш месечноили 360-400 км градска и не можам цел месец и толку километри да издржам без да ја стискам...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34459
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #946 на: 30 Јуни 2023, 23:06:26 pm »
Читав и друга тема намалување на потрошувачката со нагло забрзување и можеби е валидно, нпр. забрзување со прва до кај 2500 вртежи
Воопшто не е валидно правило, не држи вода. Најмалку ќе троши додека моторот работи во најефикасен мод. Притискање на педалата посилно нема врска со ефикасноста, напротив, така се трши повеќе енергија низ менувачот, диференцијалот, карданот ако го има. За ниска потрошувачка во град пресудно е само антиципирањето на следните активности, односно што помалку кочење и што повеќе моторно кочење. И толку, просто е.

За каква кола станува збор и кој мотор? Астра Г 1.4?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6862
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #947 на: 30 Јуни 2023, 23:07:57 pm »
Да, за астра Г 1.4 90кс со механичка клапна и плин, на бензин не ми е возена ама ќе биди 10.5-11 градска низ Прилеп. Или јас многу ја стискам или другите со астрите лажат дека им трошат по 10 на плин, не дека е многу, ама ете ме заинтересира темава.

Отсутен grandemiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #948 на: 16 Јануари 2026, 06:03:55 am »
Дечки неколку sportage корисници шо сум слушнал муабети користат 100ка од макпетрол за ГДИ 1.6 Атмосферец мотор без турбо. Сеуште сум во дилема какво да сипам по потрошени два резервари од двете горива и мислам со 95ка полесно ја прима гаста на забрзување и пола литро бордот кажува помала потрошна на скоро иста релација од 100ката... што според мене валда 95ката боље го согорува

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6862
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #949 на: 16 Јануари 2026, 08:01:40 am »
Немаш мака со 100ка, лошо не може да направиш, ставај слободно.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34459
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #950 на: 16 Јануари 2026, 09:25:17 am »
Дечки неколку sportage корисници шо сум слушнал муабети користат 100ка од макпетрол за ГДИ 1.6 Атмосферец мотор без турбо. Сеуште сум во дилема какво да сипам по потрошени два резервари од двете горива и мислам со 95ка полесно ја прима гаста на забрзување и пола литро бордот кажува помала потрошна на скоро иста релација од 100ката... што според мене валда 95ката боље го согорува

А си ги прашал зошто го прават тоа? Зошто плаќаат поскапо гориво и возилата повеќе им го трошат?
Дрзи си се до нормална 95ка, не си ги фрлај парите за џабе.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2359
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #951 на: 16 Јануари 2026, 09:42:31 am »
Дечки неколку sportage корисници шо сум слушнал муабети користат 100ка од макпетрол за ГДИ 1.6 Атмосферец мотор без турбо. Сеуште сум во дилема какво да сипам по потрошени два резервари од двете горива и мислам со 95ка полесно ја прима гаста на забрзување и пола литро бордот кажува помала потрошна на скоро иста релација од 100ката... што според мене валда 95ката боље го согорува

Октанскиот број само означува колку отпор на knock има горивото. Поголем отпор на knock = може поголем тајминг на палење за поголеми перформанси. Од друга страна па, гориво со поголем октански број е потешко за палење, така да ако моторот не ти е дизајниран за тоа гориво (сила на искра од свеќици, бордот да е подесен да корегира тајминзи доволно) тогаш ништо чудно 95 да ти гори почисто од 100ка. На 1.6 атмосферец мотор, без преголема работна температура, со релативно ниска компресија, немаш никаква придобивка од "100" октанското на Макпетрол (100 во наводници зошто повеќе е 98 од 100).

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #952 на: 16 Јануари 2026, 12:40:12 pm »
Јас цело време ставам 100-ка (98) од кога е купена. За макс 100 денари плус, (ако) има поголем отпор на knock би ги дал парите.

Иначе интересно е тоа што го спомна Андреј. На стара кола (пример Буба) ако ставиш 98 повеќе троши од 95. Од секогаш сум се чудел зошто, а не ми текнало на овој момент.

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7099
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #953 на: 16 Јануари 2026, 14:30:11 pm »
Дечки неколку sportage корисници шо сум слушнал муабети користат 100ка од макпетрол за ГДИ 1.6 Атмосферец мотор без турбо. Сеуште сум во дилема какво да сипам по потрошени два резервари од двете горива и мислам со 95ка полесно ја прима гаста на забрзување и пола литро бордот кажува помала потрошна на скоро иста релација од 100ката... што според мене валда 95ката боље го согорува

Октанскиот број само означува колку отпор на knock има горивото. Поголем отпор на knock = може поголем тајминг на палење за поголеми перформанси.

Значи дека ако вградиш кај тебе плин кој има 105-110 октани, можеш уште поголеми перформанси да извлечеш од моторот на твојата кола ?

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2359
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #954 на: 16 Јануари 2026, 14:40:12 pm »

Можеш теоретски, зирни ја темата за БМВ возила во Генерално за автомобилите, кај што AC Schnitzer вградиле плин во мотор од E60 M5.

Проблемот со плин е што има помала енергетска густина што значи за да произведе исто енергија со бензин, треба повеќе плин да потрошиш, што е малку контрапродуктивно (џабе ќе извадиш 100 коњи екстра ако резервоарот ти се троши 30% побрзо). Друга работа е што немаш баш добри контролери и сензори за тјунирање за плин. Затоа Американците користат етанол, плус бенефитот е што може да се меша со бензин па можеш да имаш различни блендови од стандардните E5-E10 па сѐ до E85. Плус има сензори за содржина на етанол и према тоа се корегираат мапите автоматски.

https://www.bendcalibration.com/blog/blog-post-title-one-mty4j

Тука можеш да видиш разлика во моќност на истата кола со истата мапа на чист 98 октански бензин (93 AKI) и Е85.

Другата опција е вбризгување на метанол пред вентилите (port injection), што и ќе го лади воздухот, и ќе крене октански број, и ќе ги чисти вентилите, особено кај мотори со директно вбризгување, ама пак проблемот е што нема добри контролери што се интегрираат со фабричкиот компјутер ради безбедност (што ако ти снема метанол а мапата го зема во предвид и него и има зголемено тајминзи и не може доволно брзо да ги корегира).
« Последно менување: 16 Јануари 2026, 14:47:00 pm andrejnaumovski »

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7099
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #955 на: 16 Јануари 2026, 14:55:09 pm »
Сума сумарум, 95ка бензин си ја врши работата.

Кај мене ако е малолитражен моторот, сепак е турбо и јас никакви разлики во секојдневното возење не приметував кога возев и 100ка од Макпетрол, ниту пак 95 и 98 од Лукоил. Ниту пак разлика во потрошувачката.

Единствената разлика што е очигледна бидејки користам само 95ка од Макпетрол, а тоа е дека на ладни температури ако е стоена колата надвор подолго време, само со 95ка од Макпетрол немам проблеми на прво палење.

Со сите други бензини, 100ка Макпетрол и 95/98 од Лукоил го имав тој проблем со прво палење во ладни услови ако е стоена подолго.

Така да, ем што немам проблем на прво палење и во ладни услови, а исто се однесува моторот во секојдневно возење, 95ка Макпетрол си ја терам.

200 денари по резервоар, па и на годишно ниво собери го, не излегува и така малце сумата која непотребно би ја фрлал.

Плус и никаков адитив воопшто не сум користел ниту за бензин, ниту за во уље досега. И не планирам, како е златното правило, ако нештото работи, не пипај.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #956 на: 16 Јануари 2026, 15:24:44 pm »
Процедурално:

Во Европа се продаваат возила кои работат на бензин и етанол, т.н Bi-Fuel. Можда сте ги забележале низ град, што ги увезуваат од Скандинавија, а не знаат што им значи тоа.

Има китови за „преработка“ колата да ви работи на етанол.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #957 на: 16 Јануари 2026, 15:35:38 pm »
Во најкратко црти,

Борбата е да направиш што поголема компресија без бензинот да се самозапали пред свекицата да фрли искра.
Затоа се користи бензин со повисоки октани.
Кај нормалните коли тоа не е потребно бидејки од фабрика се погрижиле на колкава компресија свекицата ќе фрли искра без разлика кое гориво користиш и затоа не се чувствува разлика, освен во паричникот некоја сума.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2359
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #958 на: 16 Јануари 2026, 15:57:03 pm »
Борбата е уствари да го погодиш палењето во точниот момент при чекорот на компресија така што при чекорот на согорување клипњачата е наместена под оптимален агол за максимален обртен момент врз радилицата. Ама колку е поголем аголот пред TDC на палење, толку поголема веројатноста дека од зголемувањето на температурата ќе се случи knock, односно палење додека клипот е уште во фаза на компресија.

Повеќето компјутери ќе го намалат аголот на палење ако детектира knock со моменталното гориво (или ќе го зголемат, ако детектира поголем отпор на knock), ама само во одреден опсег. Со тоа што ако колата од фабрика е оптимизирана за 95, значи дека е оптимизирана за 95 во најлоши можни услови (високи температури итн), и најверојатно е прилично ограничена колку агол може да додаде, така да нема некој ултра голем бенефит од возење 98 (освен ако нема разлика во адитиви, како на пример кај Шел FuelSave наспрема V-Power, ама тоа е повеќе за чистота на мотор/дизни и слично, не ефикасност).

Пример кај мене, на истата мапа правена за 98 октанско гориво, при промена од Макпетрол 100 октанско на Shell 100 октанско од Грција, компјутерот додаде по отприлика 1.5 до 2 степени на аголот на палење. Ако се оптимизира мапата за 100 октанското од Шел сигурно може да се извади уште повеќе сила без да се крева притисок од турбините.