Автор Тема: Намалување на потрошувачката.  (Прочитано 258183 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #945 на: 30 Јуни 2023, 22:27:43 pm »
Ме мрзи да вртам назад низ темава многу страни има. Некој постар член ако може накратко да напише довети за намалување на потрошувачката низ град?
Читав и друга тема намалување на потрошувачката со нагло забрзување и можеби е валидно, нпр. забрзување со прва до кај 2500 вртежи, но со притискање повеќе на педалата за гас и менување во втора, истото и за во трета и лабаво возење со четврта на 40-50 км/ч.(кај мене е на 1500 вртежи ако добро памтам со четврта на 40). Разликата е мала.
Отворено троши ко упаљач 7л. фул товарена на нагорнина, ама градска јаде 12 празна, дали дека не можам да издржам па менувам на 4000 вртежи понекогаш, а еден резервоар го трошам еднаш месечноили 360-400 км градска и не можам цел месец и толку километри да издржам без да ја стискам...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #946 на: 30 Јуни 2023, 23:06:26 pm »
Читав и друга тема намалување на потрошувачката со нагло забрзување и можеби е валидно, нпр. забрзување со прва до кај 2500 вртежи
Воопшто не е валидно правило, не држи вода. Најмалку ќе троши додека моторот работи во најефикасен мод. Притискање на педалата посилно нема врска со ефикасноста, напротив, така се трши повеќе енергија низ менувачот, диференцијалот, карданот ако го има. За ниска потрошувачка во град пресудно е само антиципирањето на следните активности, односно што помалку кочење и што повеќе моторно кочење. И толку, просто е.

За каква кола станува збор и кој мотор? Астра Г 1.4?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #947 на: 30 Јуни 2023, 23:07:57 pm »
Да, за астра Г 1.4 90кс со механичка клапна и плин, на бензин не ми е возена ама ќе биди 10.5-11 градска низ Прилеп. Или јас многу ја стискам или другите со астрите лажат дека им трошат по 10 на плин, не дека е многу, ама ете ме заинтересира темава.