срам не срам ќе си прашам тука (ја исчитав цела тема од 1 до 61 и неможам да бидам сигурен нешто разбрав нешто недоразбрав) иако може не е прашањето за овде и на некој ќе му биде чудно и смешно ама што е тука е , ако може помош еве се работи за шевролет матиз од 2004 год и еве ја кривата на моторот
но бидејќи сум апсолутен почетник и немам ни обртомер туку менувам според звукот на моторот и сопствено убедубвање и немам ни 500 км извозено би сакал некој совет на која брзина да префрлам во поголема односно помала брзина пр. на 20 од 1-ва во 2-ра, на 45 од 2-ра во трета, ... и обратно со намалувањето на степените се со цел да не го силувам количето кое и безтоа не е којзнае колку јако а и ако се може да се припази на горивото секако.
однапред фала
Не сум сигурен дали кај Матизот мењачот има исти пропорции како кај Спаркот. Пошто немаш обртомер намини когај мене да ставиме на дијагноза и да видиме во кој степен на пренос колку вртежи има. Ако е исто како кај Спарк според моево повеќегодишно искуство за најдобри резултати би требало да шалташ вака:
1-ва за тргање, веднаш можеш во втора.
2- при лежерно возење, при 20км/ч можеш веднаш во 3-та пошто тој мењач има кратки брзини. Ако сакаш диманично а економично возење тогаш менуваш во 3-та на 35км/ч (3300 вртежи)
3-та тераш минимум при 20-25 па се до 45.
4-та од 45 (не пониско од тоа) до 60.
5-та чим стигнеш 60, можеш слободно да ставиш во 5-та, тогаш моторот има 1900 вртежи и добро го поднесува тој режим. Ако имаш среќа да возиш по партизанска поголемиот дел од времето и да фаќаш зелен бран возејќи 60 во 5-та ќе извадиш луди бројки на потрошувачка. Во 2012-та кога беа убави семафорите на партизанска и кога возев секој ден по 4 пати од Соборна црква до Ѓорче и назад, вадев луди потрошувачки од 5 литри бензин градска, така да како ќе ти се погоди сообраќајот.
Спаркот во градски режим на возење вади од 6.5 литри потрошувачка до 7.5 максимум евентуално 8 литри зимно време. На отворено у принцип 5 литри бензин или 6 литри плин. Тоа е од прилика. Е сега не знам матизот твој дали е инџекш'н или е со карбуратор.