кога ќе го „цапнеш“ бензинецот до крај, тогаш ја збогатува смешата малку повеќе од стоихиометриската рамнотежа, и често во тие моменти ги занемарува сигналите од сензорите за проток на воздух и контролните ламбда сензори.
Ова не го знаев! Мислев дека ecu-то
секогаш се грижи во смесата да нема повеќе гориво отколку што може да изгори во конкретниот режим hence нема шанси да „пресисаш“ итн итн... Не знаев дека при full throttle ова не важи.
Во тие моменти работи спрема дефинирана мапа за „фул тротл“ која е наменета за акцелерација, и не ги есапи овие „еко“ параметри.
Ова е сигурно вака за Еуро 3 и Еуро 4 бензински возила, за Еуро 5 не сум сигурен, може има некои измени за задоволување на построгите критериуми.
Значи, да, масивно забрзување штеди, меѓутоа кај бензинци би се ограничил на 3/4 од педалот за гас, за да „играат“ сензорите.
...но, дури и при педала до под навистина да се фрла „неконтролирано“ гориво во моторот, тоа тешко дека ќе ја качи просечната потрошувачка. Дали при „фул тротл“ онака како што го опишуваш торкот се зголемува? Ако „да“, тогаш е добро за просечната потрошувачка. Принципот на штедење со нагло забрзување е многу прост и може стопроцентно да се опише во една реченица: додека трае забрзувањето, клипот треба при секој поединечен пат надоле (после детонацијата) да предава најголемо можно количество енергија. Толку. Доколку тоа е „фул тротл“ - ден фул тротл ит ис.
(да забележам дека и на други форуми сум го прочитал ова „све си у право, али не баш до крај папучата, туку на 2/3 или така некако...“ Сепак, на ниту едно место не сум добил добар одговор на прашањето „зошто 2/3 а не скроз“. Одговорите секогаш биле или без влијание на потрошувачката, или трт-прт неодредени)
(исто и да забележам дека кај дизелите е многу по проста „математика“. Гас до под и шибај, поише ќе ти трае резервоарот, а башка и ќе ги импресионираш сопатниците и минувачите! Но не и тој позади тебе кој ќе вози низ твоето црно од ауспух :-))