маскималното забрзување може да потроши доста повеќе гориво отоколу максимално забрзување -1(процент да речеме). Затоа што за да се постигне максимално забрзување не се води сметка за потрошеното гориво, туку се води сметка за максималните перформанси. Не знам дали ме разбираш.
јас те разбирам ама ти мене не ме разбираш :-) (класика тупаџиски одговор, кажи а?)
ајде вака да пробаме: треба колата да ја забрзаш до 40 км/ч. Еднаш тоа го правиш со 3/4 гас, еднаш со гас до под.
Во кое од овие две сценарија колата ќе постигне 40 км/ч со најмалку на број обртаи? Значи не обртаи/време, туку само обртаи, апсолутна бројка.
Најмалку револуции на број = најмалку вкупни паразитски губитоци = најмала вкупна потрошња (пошто паразитските губитоци се ПОГОЛЕМИОТ дел од трошењето гориво! ова како да го забораваш)
Да, те разбирам, значи вкупниот број на вртежи ќе биде некој % помал. Со 3/4 притисок на гас, не ти е 25% поспоро забрзувањето, туку 5% би рекол паушално. Ако може да дозираш 95% притисок на педалот - уште подобро. Тоа на компјутерот ќе му каже „сакам добро забрзување, но води се според параметрите на сензорите за идеална смеша, каде целото гориво ќе се претвори во енергија.
Е сега, ако пртинеш до даска педал, на компјутерот му викаш „сакам најдобри перформанси од овој мотор, затоа на` ти гориво и некоја капка +, за секој молекул воздух го согориш, а ако остане некој молекул гориво вишок не ми е битно.“ И се зголемува потрошувачката, многу повеќе од тие 5% вртежи што биле корисни.
Инаку, возилата со катализатор бегаат од стоихиометриската рамнотежа, затоа што, за да работи катализаторот им е потребно да имаат несогорени молекули О
2, па се малку на „сиромашна“ смеша - цело време.