Заради пролонгирано возење 130кмч додека бев на одмор седнав да направам една математика. Колкава е разликата во потрошувачка, доколку се вози поспоро на автопат. Отпорот при зголемување на брзината се зголемува квадратно, а времето за кое се стигнува се намалува линеарно. Значи меѓу овие вредности постои Sweet-Spot, во која се и двете оптимални. Зборувам за константна брзина на движење.
Заштеда во гориво при намалување на брзината:
130->100 = 23% помалку гориво.
120->100 = 17% помалку гориво.
120->90 = 25% помалку гориво.
Со оглед на тоа што кај нас има огромна варијанса во дозволените брзини на движење на автопат, може да ја стабилизираме брзината на движење и да потрошиме помалку гориво.
Конкретно Скопје-Гостивар е 75км. Најниска максимална дозволена брзина е 80кмч. Логично ние би возеле со 120 половина пат и со 100 останатата половина.
При вакво комбинирано возење 50% од времето возиме 120 и 50% возиме 100. Соодветно споредбата е што ќе се случи ако тоа го замениме со возење 100 во 50% од времето и 90, останатите 50%.
При намалување од 120 на 100 имаме заштеда од 17%, а при намалување од 100 на 90 имаме заштеда од 11%. Тоа дава просечно подобрување од 14%. А времето на пристигнување сме го продолжиле за 15%.
Тоа значи дека ќе стигнеме 6 минути покасно, а ако нормалната потрошувачка ни е 5литри на 100км, вака ќе ни биде 4,3.
Дополнително го држиме моторот во поефикасно работно подрачје (не важи за возилата со 7 степени на пренос и мрсни мотори), што ни дава 2-4% поголема ефикасност, ќе земеме 2 %. Резултатот е 4.2 литри потрошувачка наместо 5.
Одлично зарем не!
Од друга страна ако истиот пат го возиме со 149 половина од патот и 119 останатиот дел, потрошувачката ќе ни биде за приближно 22% поголема од стандардната 5, односно 6.1 литри на 100км. Заради ефикасноста на моторот (не важи за возила со 7 степени и мрсни мотори), ќе се изгуби 5%, па соодветно потрошувачката ќе биде 6,4 литри. Ќе стигнеме за 33 минути.
Интересно е како експеримент, а воедно и метод на подобрување на потрошувачката.
