2.5 е во рамките на нормалата, тоа е едно. А второ тоа не е 15% повеќе од што „треба“. На пример задните гуми кај мене може да се пумпаат до 3.2 по пропис, под максимално оптеретување на возилото и автопатски брзини. И секако 2.0 при празна кола и ниски брзини. Соодветно, која е точната вредност? Зависи, ама нормално ние земаме некој просек и целиме кон него.
Не е толку комплицирано како што изгледа, дури и се приметува од око гумата кога е како што треба напумпана.

Миљон статии по нетов ќе најдете за тоа колку и како гумите да се напумпаат... на сајтот на wredestein за повеќето модели на коли е наведен нешто повисок притисок од фабрички декларираниот. Некои викаат дека фабриките наведуваат податоци под потребните за поголем комфорт... Јас искрено повеќе верувам на фабричките податоци него на било кои други.
На Стилото вика за 195/65/15 1.9 бари, за 205/55/16 2.1бари, за 225/45/17 2.3 бари. Ако возиш зимски гуми, зголеми притисок за 0.2 бари. На стилото возам зимски 195/65/15 и летни 205/55/16, така да стално пумпам 2.1-2.2 Компресор имам на работа, и него најмногу му верувам, овие на пумпа се сите расштелувани до макс.
Исто и за Алфа-та 205 или 215 /55/16 2.3, за 225/45/17 2.7/2.5 (напред/назад) и за 235/40/18 2.7 бари. со тоа што алфа вика ако се вози со постојана висока брзина, да се зголеми за 0.3 бари притисокот, а за зимски гуми 0.2 бари повисок. Возам 225/45/17 летни и зимски, така да 2.8-2.9 бари е за алфата

Нисан Ноте има 2.7 бари за релативно мала димензија назначено (185/60/15 чинам...), кога ги менував на сервис гумите, не ми веруваа па им покажав на вратата лепенката...
Јас решив да верувам во тоа што го викаат фабриките за колите и така ги пумпам гумите одсекогаш. Досега не сум имал проблеми со нерамномерно трошење (нормално со редовна контрола на преден и заден трап) и така и ќе продолжам
Мој совет е: пумпај ко што ти вика производителот на колата - он најбоље знае како подесувал и подвозје и се` за колата најбоље да се осеќа
