Автор Тема: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda  (Прочитано 59502 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #60 на: 19 Декември 2012, 12:17:46 pm »
За ваше добро е ова што го пишувам, не е за мене :)

Да си ги знаете правата и обврските. И секако ве советувам да си ангажирате адвокат или барем да се советувате со некој во недај боже ваква ситуација.


(people)

БАНЗА ЗА АДМИН НА ТЕМАВАААА !!!!!!!!!

ALL HEIL BANZAAA !!!!!


;D ;D ;D ;D ;D

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #61 на: 19 Декември 2012, 12:18:50 pm »
BANZA BANZA BANZA...





slusaj i ja imam edno delo kade sto moze da se zemat ubavi pari, ali mislam deka e veke kasno...

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #62 на: 19 Декември 2012, 12:29:59 pm »
Пиши ми ПП, па ќе делиме пола пола ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #63 на: 19 Декември 2012, 20:06:53 pm »
Banzai
Само да те пофалам за стручните совети.
Позз.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #64 на: 20 Декември 2012, 00:12:10 am »
За ваше добро е ова што го пишувам, не е за мене :)

Да си ги знаете правата и обврските. И секако ве советувам да си ангажирате адвокат или барем да се советувате со некој во недај боже ваква ситуација.
СЕКОГАШ.

+1
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #65 на: 20 Декември 2012, 00:31:25 am »
Banzai
Само да те пофалам за стручните совети.
Позз.

+1

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #66 на: 20 Декември 2012, 00:33:38 am »
Секогаш стојам на располагање за совет, бесплатен секако :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #67 на: 20 Декември 2012, 00:38:02 am »
Јак си ти ;D
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #68 на: 20 Декември 2012, 00:46:21 am »
Таман работа да наплаќам за совет од клабери :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Mikroos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 921
Одг: Re: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #69 на: 23 Декември 2012, 22:05:26 pm »
Ima li nekoj rok do koga vazi izvestajot od osiguritelnata kuka sto ja plaka popravkata na osteteniot?? Bidejki go zedov izvestajot i procenkata e okolu 4700den, plus novo kapace za zadniot branik sto go pokriva mestoto kade se stava kukata. Mislam deka e dovolno za farbanje celosno na branikot. E sega neveruvam do nova godina deka ke stignam da ja odnesam kolata, dali ima nekoe pravilo na primer toa sto e nezgoda slucena vo 2012 ne se davaat sredstva vo 2013 i nekoj takvi zafrkancii? ? ?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #70 на: 24 Декември 2012, 00:48:32 am »
Рокот е 3 години од сообраќајката.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #71 на: 07 Февруари 2013, 07:51:33 am »
Пополнувањето Европски извештај не значи признавање вина!


Доколку пополните Европски извештај го избегнувате плаќањето на 250 евра глоба, чекањето на полицискиот записник, одењето на суд, а ако сте виновни го избегнувате и губењето на возачката дозвола и плаќање на судските трошоци и паричната казна која ќе ви ја одреди судот, а добивате побрза исплата на штета



Дали да се пополни Европски извештај или пак да се викне полиција на местото на сообраќајната незгода е дилема што ја имаат многу граѓани. Иако од 2009 година Европскиот извештај се применува и кај нас како олеснителна околност и за граѓаните и за полицијата, но и за осигурителните компании, сепак луѓето се уште со сомнеж го употребуваат.

Затоа, Вечер се обиде да ја расчисти оваа дилема. Направивме разговор со началникот на Единицата за безбедност на патниот сообраќај за Град Скопје, Дејан Панчевски.
- Откако е воведен Европскиот извештај, значително е намален бројот на полициски увиди на самото место на сообраќајната незгода. Претходно просечно дневно сме вршеле по 24 увиди, вели началникот, кој смета дека граѓаните почнуваат да веруваат во полезноста на Европскиот извештај.

Кога да пополните Европски извештај
Да бидеме на чисто. Доколку сте учесник во сообраќајна несреќа и ги исполнувате условите за пополнување Европски извештај, сторете го тоа. За да се исполнат условите за пополнување на Европски извештај, треба да нема повредени или жртви во сообраќајната несреќа или пак да биде направена мала материјална штета. Како што ни објасни началникот Панчевски, под мала материјална штета се подразбира штета настаната на објект или на возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување или запирање.
Со пополнувањето Европски извештај учесниците во незгодата имаат повеќе придобивки, односно веднаш можат да ги тргнат возилата од улица за да не се создава метеж. Извештајот за сообраќајните незгода служи за утврдување на фактичката состојба и не значи дека помеѓу возачите е постигната согласност за вината за сообраќајната незгода, ниту дека со потписот се признава вина.


Кога да повикате полиција
Без наплата на глоба од 250 евра полициските службениците се должни да извршат увид доколку возилото е каско-осигурано или пак кога возачот сам учествува во незгодата, односно удира во дупка на патот, животно, ѕид или нешто слично. Увидот е задолжителен и кога во сообраќајна незгода е причинета мала материјана штета, но едното од возилата нема регистарски таблички или не е осигурано, кога едното од возилата има странски таблички, кога едниот од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции, кога едниот од возачите не поседува соодветна возачка дозвола, одбива да ги даде своите лични податоци, односно податоците на возилото или пак кога еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната несреќа.


Како да го пополните Европскиот извештај
Извештајот се пополнува така што колоната А ја пополнува едниот учесник, а колоната Б другиот. Секој може да си ја напише својата верзија на незгодата. Во делот каде што пишува "лична забелешка" може да се напише, на пример: "Јас не поминав на црвено светло". Доколку и другиот учесник во истата незгода тврди дека ниту тој не поминал на црвено светло на семафорот, и тој може да го напише истото. Двајцата учесници во незгодата го потпишуваат извештајот, но тоа нужно не значи дека некој од нив двајцата ја признава вината. За тоа кој е виновен, односно чија осигурителна компанија ќе исплати отштета, подоцна ќе утврди стручна комисија од осигурителните компании на учесниците. Во случаите кога и двете страни се држат до тоа дека не се виновни, најчесто осигурителните компании одат на спогодба, односно на исплата на штета 50:50.

Со пополнување на извештајот виновникот во незгодата ја плаќа само штетата на своето возило, а неговата осигурителна компанија ја покрива штетата на другото возило. Единствено што губи виновникот е попустот на осигурувањето при следната регистрација.
Во текот на една година (од регистрација до регистрација) нема ограничување за тоа колку пати може да се пополнува европски извештај.
- Дневно во Скопје на располагање стојат најмногу пет увидни екипи. Понекогаш се случува сите да се зафатени со вршење увид, па затоа може да се случи учесниците во сообраќајна незгода да треба да чекаат и повеќе од еден час на местото на незгодата, вели началникот Панчевски.
- Законот ни дозволува парично да ги казниме учесниците во несреќата со по 250 евра, затоа што не пополниле Европски извештај, а постојат услови за тоа. Сепак, не сме толку ригорозни. Кога ќе се пријави сообраќајна несреќа во која се исполнети условите за пополнување извештај, на местото на настанот оди полициска екипа од подрачна полициска станица и им укажува на возачите да пополнат Европски извештај. Доколку некој од нив, сепак, инсистира да се изврши увид, полициската патрола повикува увидна екипа. Ние ќе го извршиме увидот, меѓутоа возачот кој инсистира на увидот плаќа глоба од 250 евра, вели началникот.

Глобата од 250 евра не се плаќа за вршење на увидот, туку за непополнување Европски извештај. Според началникот, од увидот до исплатата на штетата процесот трае многу долго. Се прави увид, од којшто потоа се подготвува фотоалбум и со скицата изработена во соодветен размер се предава на осигурителната компанија. Случајот потоа се дава на суд и се чека на конечната судска пресуда. Во пресудата секогаш некој е виновен, а тој што е виновен покрај паричната казна добива и забрана за управување со моторно возило од 3, 6, 12 месеци, во зависност на големината на казната. Во меѓувреме, додека трае судскиот процес, можно е осигурителната компанија да исплати штета според проценката на својот вештак и проценката дадена во извештајот на полицијата, меѓутоа најчесто се чека на судски епилог и неговата правосилност по што се исплаќа штетата а тоа може да потрае и до неколку години.


извор: http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=1E42B9C428645D44916D8E37757BDFDE
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #72 на: 07 Февруари 2013, 11:08:30 am »
јас никад не сконта што ако се 3 возила во удесот... да речеме некој мајмун не закочил, а јас си стојам на семафор на црвено... ме лупнува одзади а поради јачината на ударот и јас го лупнувам тој пред мене.... по некоја логика ке треба 2 записници... едниот помеѓу мене и првиот (тој што ме лупнал), а вториот помеѓу мене и тој третиот (што стоел пред мене на семафор)... логиката е таа... ако се 4 учесници идемо даље, ке треба и 3-ти записник... вака некој ми напомена еднаш ама некако не сум запаметил а и не го довршивме муабетот...

инаку 2-3 чешаници што брат ми ги направи со европските записници само една се реализираше, другите наводно немало незанм што таму.. ама бедни беа чешаниците.. не се ни исплатеше да бркаш што и како...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #73 на: 07 Февруари 2013, 11:24:51 am »
Во верижен судар сите прават записник со последниот.
Пример има 4 возила, 4 е последен.
4 со 1
4 со 2
4 со 3

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #74 на: 07 Февруари 2013, 11:56:55 am »
Каква дезинформација изјавил началников, секоја чест :)

Според началникот, од увидот до исплатата на штетата процесот трае многу долго. Се прави увид, од којшто потоа се подготвува фотоалбум и со скицата изработена во соодветен размер се предава на осигурителната компанија.
Болдираново не е точно.

Цитат
Случајот потоа се дава на суд и се чека на конечната судска пресуда. Во пресудата секогаш некој е виновен, а тој што е виновен покрај паричната казна добива и забрана за управување со моторно возило од 3, 6, 12 месеци, во зависност на големината на казната.
Ова најчесто нема врска со исплатата на штета, тука зборува за прекршочна постапка, не за постапка на исплата на штета. Многу често исплатата е пред воопшто да се заврши прекршочната постапка.

Цитат
Во меѓувреме, додека трае судскиот процес, можно е осигурителната компанија да исплати штета според проценката на својот вештак и проценката дадена во извештајот на полицијата, меѓутоа најчесто се чека на судски епилог и неговата правосилност по што се исплаќа штетата а тоа може да потрае и до неколку години.
Како што кажав, најчесто е обратно, а не вака. Ако се оди вонсудски, односно јасно е кој е виновен, исплатата може да биде и за 2-3 недели од кога ќе биде готов полицискиот записник. А ако се оди судски се доставува сообраќајно вештачење во кое стручно лице ќе одреди кој е виновен, а кој не и дали некој има допринос. Не се чека на прекршочна пресуда.

За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.