башка, на нафта е НАЈ НЕ ЕКОЛОШКИ да се грееш. исто како и со дрвата што е не еколошки.
Не дека е еколошка нафтата, ама кзгледа јаглен не си видел
Комшиите се грееа на ќумур, прозор не се отвараше зиме, маица да извадиш (социјалка) за 15 минс црна се правеше. Не па да дишиш. Дали го укинаа, дали се свестија не знам, али битно се префрлија на дрва, каде каде е подобро.
Патем за аутава нели имаше едни спрејчиња за дезинфекција и чистење на вентилацијата од мувла, габи, бактерии... Не знам за домашниве клими...
ok... не ми текна и тоа да го пишам. да се согласувам дека котлите за ќумур за домашно радијаторско греење се меѓу најголемите загадувачи, ако не и најголем. меѓутоа, во тој ранг на загадувачи со високо ниво на испуштање отровни честици се сите 3 вида: нафта, дрва и ќумур. со тоа што на нафта и на дрва ако правилно се димензионира котелот, вклучувајки и дизна за бренерот, нема да загадуваат толку многу како кај повеќето што загадуваат.
тоа што морам да го кажам дека дени, сепак, одвреме навреме има конкретно точни тврдења, кои ги искажува. на пример, со предимензионирањето на котлите на дрва... многу честа појава кај нас на балканов. нај големата вина е всушност кај продавачите на котли. не ретко и мајстори се советуваат со нив, а и клиентите. паушално продавачите тропнуваат киловати, повеќе одошто знаат дека треба, но тоа е од себина природа, т.е. кога веќе нив ги прашуваат, не сакаат заради икс причини да се случи нешто па да не биде задоволен муштеријата и/или мајсторот, па затоа “играат на сигурна карта“ а тоа е, тури појак, не ретко и до двојно појак, ке грее сигурно... и тука настанува кардиналната грешка при користењето на котел на дрва пред се, па следно и на нафта. настрана муабетот што што со толку поголема моќност на котлите, истите и трошат повеќе енергенс одошто треба, т.е. дрва или нафта. т.е. гледано процентуално (мерено и тестирано) вишакот енергија кој што грејната инсталација неможе да ја апсорбира, го гледаме како излегува низ оџак во форма на црнила и густ дим.
бидејки ЗЕРО погоре спомна дека од комшиски оџак смрди на нафта... еве објаснување (расположен за пишување сум

):
кај котлите на нафта и уште по комплицирано да се наштелова точната снага. кај нив и апсорберот треба да биде соодветен на инсталацијата, бренерот треба да биде со точно ТОЈ ПРИТИСОК на нафтата, за која што е турена ТОЧНО ТОЛКУ ПРЕЦИЗНА димензија на дизна која што одговара за котелот и јачина на потреби на инсталацијата и објектот. на крај игра улога и густината на нафтата а тоа е па во зависност од температурата на истата. со оглед на тоа дека кај нас во последнава деценија се “изнародија“ мајстори, кој занаетот го учеле НЕВЕРОЈАТНИ 9 месеци како чираци, може да ти биде јасно, зашто чури и толку многу смрди комшискиот оџак на нафта,,,

кај вас дома е друга песна... инжињер селектирал и одлучувал.
