Не се сомневам дека на Машински има експерти но:
1. Пара буши где бургија нече (се фаворизира централното парно).
2. Со гас секој си троши колку му треба, или кога не е дома со денови не троши.
Кај Топлификација калориметар имаше некаде инсталирано како пилот проект (мислам некоја зграда во Карпош 3) ама не го продолжија, нормално заради повисок профит (друга логична причина јас не гледам).
Со греење на гас ќе има можност и да се грее вода и готви на гас, значи ќе се намали завистноста од ЕВН или евентуално друг продавач на струја. Какви се искуствата со гасификација во Струмица и Куманово незнам, ако има некој форумџија што знае нека пише.
3. И со струја секој троши колку му треба, или кога не е дома не троши, НО цената на струјата ќе биде во постојан пораст, а со тоа прагот на исплатливост на системот (инвертер клима, пумпа воздух/вода или некој друг кој работи на ел. енергија) ќе оди нагоре.
се е точно и на место... фино срочено.... освен што за калолиметарот не си во право...
поради имање некаква контрола во пресметките, уште пред 7-8 години е со закон регулирано дека мора да има и ИМА калориметри има ВО СЕКОЈА ЗГРАДА НАМОНТИРАНИ НА ПОДСТАНИЦА... пресметката е следна:
за секоја зграда во БЕГ имаат податоци точно која квадратура се грее, затоа што имаат за секој претплатник точна квадратура на стан. одсекогаш ги имале тие податоци, видете на сметките од бег. потоа месечното отчитување покажува колку “калории“ се потрошени за таа квадратура. калории делено со квадрати, добиваме количина на калории по квадратен метр грејна површина. имате во сметките цена на калорија. и формулата за секој стан е едноставна: метри квадратни од станот, помножено по калории, пак помножено по цена на калории и ВОАЛА, добивате цена на потрошена топлинска енергија за секој стан поединачно.
или цена на калории, помножено со бројот на калории и добивате сума на пари за квадрат потрошена енергија за еден месец. после тоа таа цена ја пресликува на секој стан според квадратурата односно се множи со квадратите...
е сега, тоа што не читаат секој месец и не обработуваат секој месец, тоа е една ГОООЛЕМА ЗАКОНСКА ДУПКА.. исто како и евн, како и водовод, така и бег, немаат обврска секој месец да ги читаат инструментите. законската обврска им е на 6 месеци и тоа доколку е пристапно. ако не е пристапно, пак ке ти шибаат паушали... како и да е, порамнувањето им е на 6 месеци, па затоа и изненадуваат со високи сметки одвреме навреме....