Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1200109 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Системот за централно топловодно греење претставува техно-економски оптимален тип на греење за поголем дел од објектите лоцирани во Скопје.

Резултатите покажуваат дека топлификацијата е неоправдана за периферните делови од градот, вклучувајќи ги населбите каде што доминираат индивидуалните објекти за домување. Студијата препорачува затоплувањето на куќите да се стимулира со користење на инвертер клима-уреди и топлински пумпи кај станбените објекти.  Тие не препорачуваат развој на гасоводниот систем во оние делови на градот каде што веќе има развиена топловодна мрежа.

Во студијата е наведено дека Скопје може да постигне оптимална, самоодржлива грејна структура. За ова е потребно да се обезбеди паралелен развој на централниот топловоден систем во урбаните делови од Скопје, како и на когенеративното производство на топлинска и на електрична енергија од топлински пумпи и инвертери во периферните населби на Скопје.

http://build.mk/analizite-potvrduvaat-deka-toplifikatsijata-e-najdobar-nachin-za-greene-na-skopje/

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Не се сомневам дека на Машински има експерти но:

1. Пара буши где бургија нече (се фаворизира централното парно).

2. Со гас секој си троши колку му треба, или кога не е дома со денови не троши.

Кај Топлификација калориметар имаше некаде инсталирано како пилот проект (мислам некоја зграда во Карпош 3) ама не го продолжија, нормално заради повисок профит (друга логична причина јас не гледам).

Со греење на гас ќе има можност и да се грее вода и готви на гас, значи ќе се намали завистноста од ЕВН или евентуално друг продавач на струја. Какви се искуствата со гасификација во Струмица и Куманово незнам, ако има некој форумџија што знае нека пише.

3. И со струја секој троши колку му треба, или кога не е дома не троши, НО цената на струјата ќе биде во постојан пораст, а со тоа прагот на исплатливост на системот (инвертер клима, пумпа воздух/вода или некој друг кој работи на ел. енергија) ќе оди нагоре.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
цената на струјата ќе биде во постојан пораст, а со тоа прагот на исплатливост на системот (инвертер клима, пумпа воздух/вода или некој друг кој работи на ел. енергија) ќе оди нагоре.

Oва е точно, но земи во предвид дека цената на енергенсите во голем дел е шпекулантска. Цените на енергенсите имаат тенденција да задржат некој меѓусебен сооднос дури и кога моменталната цена на одделен енергенс е пониска. Пример е цената на нафтата во последниве пар години, дури и кога набавната цена на суровата нафта беше на историско ниско ниво, цената на дериватите ни одблиску не го пратеше тој пад, а цените на другите енергенси останаа приближно исти.

Муабетот ми е дека ако струјата поскапува, цените на останатите енергенси ќе го пратат растот на цената на струјата. На крај пак ќе остане дека топлинска пумпа (клими) е најефикасен метод на греење.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Мене некако ми е сомнотелна исплатливоста на греење со гас.
Патем колку % е искористеноста(теоретски максимум) кај отворен оган(ќумбе, печка на гас..) во споредба со ел. централа на ист погон?

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
ubavo go toa sroci smole ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
@howitz или кој имаше VIVAX AERI/AEVI дали може да ми кажете како работи IFEEL опцијата?

Конкретно дали фаќа од друга соба која е блиску. Односно дали мора да е во видно поле климата, или може и да оди преку ѕид или со рефлекција. Дали е со инфрацрвеното или со радио фракфенција. Некој да проба.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Здраво Дени,

Јас ја имам AEZI серијата и нема IFEEL функција, туку Follow Me.
Меѓутоа колега ја има I FEEL, не знам точно како му работи ама знам дека мери температура од даљинското, односно каде се наоѓа даљинското од таму ја добива температурата и се прилагодува итн.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4044
  • MadaFunker
Мора да е во иста соба, барем кај Gree Lomo - IFeel опцијата
New blood of old school

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Во иста соба ај пробај дали може ако е скриено даљинското позади стуб или ѕид?

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Зависи на кој начин испраќа информации даљинското до единицата, инфраред, блутут итн.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Тоа се обидувам да откријам.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Не се сомневам дека на Машински има експерти но:

1. Пара буши где бургија нече (се фаворизира централното парно).

2. Со гас секој си троши колку му треба, или кога не е дома со денови не троши.

Кај Топлификација калориметар имаше некаде инсталирано како пилот проект (мислам некоја зграда во Карпош 3) ама не го продолжија, нормално заради повисок профит (друга логична причина јас не гледам).

Со греење на гас ќе има можност и да се грее вода и готви на гас, значи ќе се намали завистноста од ЕВН или евентуално друг продавач на струја. Какви се искуствата со гасификација во Струмица и Куманово незнам, ако има некој форумџија што знае нека пише.

3. И со струја секој троши колку му треба, или кога не е дома не троши, НО цената на струјата ќе биде во постојан пораст, а со тоа прагот на исплатливост на системот (инвертер клима, пумпа воздух/вода или некој друг кој работи на ел. енергија) ќе оди нагоре.

се е точно и на место... фино срочено.... освен што за калолиметарот не си во право...

поради имање некаква контрола во пресметките, уште пред 7-8 години е со закон регулирано дека мора да има и ИМА калориметри има ВО СЕКОЈА ЗГРАДА НАМОНТИРАНИ НА ПОДСТАНИЦА... пресметката е следна:

за секоја зграда во БЕГ имаат податоци точно која квадратура се грее, затоа што имаат за секој претплатник точна квадратура на стан. одсекогаш ги имале тие податоци, видете на сметките од бег. потоа месечното отчитување покажува колку “калории“ се потрошени за таа квадратура. калории делено со квадрати, добиваме количина на калории по квадратен метр грејна површина. имате во сметките цена на калорија. и формулата за секој стан е едноставна: метри квадратни од станот, помножено по калории, пак помножено по цена на калории и ВОАЛА, добивате цена на потрошена топлинска енергија за секој стан поединачно.

или цена на калории, помножено со бројот на калории и добивате сума на пари за квадрат потрошена енергија за еден месец. после тоа таа цена ја пресликува на секој стан според квадратурата односно се множи со квадратите...

е сега, тоа што не читаат секој месец и не обработуваат секој месец, тоа е една ГОООЛЕМА ЗАКОНСКА ДУПКА.. исто како и евн, како и водовод, така и бег, немаат обврска секој месец да ги читаат инструментите. законската обврска им е на 6 месеци и тоа доколку е пристапно. ако не е пристапно, пак ке ти шибаат паушали... како и да е, порамнувањето им е на 6 месеци, па затоа и изненадуваат со високи сметки одвреме навреме....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Читаат секој месец од бег, во грејна сезона зборам 100%

Sent from my Huawei P9


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Исто и ЕВН кај нас секој месец ги чита струјомерите.

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Ова на сликата дали е топлотна пумпа или нешто друго е во прашање?  Кој има искуство со овие работи да ми помогне. И за која квадратура може да задоволува ако е  тоа?