Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1198227 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2265 на: 16 Февруари 2017, 15:17:25 pm »
Истото може да го направи и со топлинска пумпа, да си направи припрема за гас и ако некад се гасифицираме да си тера на гас, а не на струја.

Квалитетна топлинска пумпа и соодветни внатрешни единици со нормално/редовно одржување ќе траат 30тина години без проблем, така да теоријата дека кога ќе ти се расипат ќе немаш греење/ладење не е толку многу лесно остварлива во реален свет. Исто преку топлинската пумпа можеш и да си грееш бојлер, можеш да бираш подно, канали, парапетни, зидни, вакви онакви единици, радијатори итн. Зависно од буџетот и објектот можни се и надградби со сензори и слични штедливи али скапи заебанции.

Јас до сега сум немал проблем со обичните клими, а не ги одржуваме редовно, туку кога ќе ни текне. Се работи за десетина клими кои најчесто се користат за ладење и сите се од повисоката класа. Најстарите се 20тина години.

На крај, топлинска пумпа е неисплатливо да ја размислуваш за некој стан, идеални се или за цела зграда или барем за приватна поголема куќа и најубаво да се вгради во градба/темелно реновирање. Кошта многу повеќе од обични инвертери, па затоа не е баш решение за секого.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2266 на: 16 Февруари 2017, 15:42:03 pm »
Oпремата не е лесно расиплива, но како и секоја техника со тек на време еднаш ќе се расипе. Истото важи за сите уреди со топлински пумпи (и воопшто), сеедно дали се клима уреди или такви што загреваат вода.
Така да, кога еднаш ќе се деси квар нема да биде сеедно дали цел стан/куќа ќе останат без греење/ладење - или само една просторија ќе биде зафатена од кварот (и не целосно, пошто другите клими во станот ќе работат). И не е сеедно дали во градот има неколку сервиси кои имаат делови на лагер, или се работи за делови кои едниот добавувач треба да ги нарачува од Кина (и да се чекаат со месеци).


Според тебе, ако сум спремен да дадам и повеќе пари како што би дал за некое друго решение, најдобар избор во однос пари/перформанси би добил со висока класа инвертери во секоја просторија (капацитет спрема просторот) и некој калорифер или слично за ептен ако треба во WC?
Да, за потцртаното. Со тоа што мое лично мислење е дека не мора да се оди на највисока класа уреди.
Јас сум прилично задоволен, посебно од економскиот аспект на греењето со клима уреди, и разликата во сметките не е „200 денари“ месечно туку многу пати повеќе.

Од друга страна, ако некако можеш да изведеш подно греење и да го комбинираш со топлотна пумпа која грее вода - од тоа нема подобро па дури и ако е многу поскапо. За тоа јас би дал повеќе пари, да можев технички да го изведам.
Но таква топлинска пумпа во комбинација со фенкојлери е тотално неисплатлива, единствен економски бенефит е греењето на вода за хигиенска намена (заштеда од проценти од 1% во однос на цената на чинење на системот). Сите други комбинации, класични радијатори од парно за кои водата ќе треба да ја догреваш со електрични грејачи (т.н. ел. котли) се исто така неисплатливи, посебно оваа варијанта каде не само што системот ќе биде скап туку и сметките ќе бидат големи.

Затоа ако имаш пари и можности: подно греење и топлотна пумпа за вода. Ако имаш уште повеќе пари, можности, и кеиф: геотермална топлотна пумпа.
Во сите други варијанти каде фактор е економија на целокупното чинење на решението за греење: квалитетни инвертор клима уреди.


Сите овие решенија имаат и добри и лоши страни.
Идејата е да си запознат и со добрите и со лошите страни пред да донесеш решение, според сопствените потреби и буџет.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2267 на: 16 Февруари 2017, 20:10:19 pm »

Околу 900 евра годишно е разликата со топлификација. А тек ако споредиш со електричен котел ќе е дупло од тоа.

Плус топлификација е поскапена значително од 2008ма.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2268 на: 16 Февруари 2017, 20:57:00 pm »
Многу се грееле после 22ч, ептен киловати во евтина тарифа. Нешто не штима ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2269 на: 16 Февруари 2017, 21:03:10 pm »
Истото може да го направи и со топлинска пумпа, да си направи припрема за гас и ако некад се гасифицираме да си тера на гас, а не на струја.

Термотехничката инсталација е таа и за топлинска пумпа и за котел на нафта/гас/дрва/пилети, топлификација и изменувач итн.

Надградби колку сакаш може да има, автоматики, чуда. До перфекција може да се доведе системот доколку имаш мерак...не дека ќе ти се исплати бидејќи тие работи се сеуште скапи за наши простори.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2270 на: 16 Февруари 2017, 21:19:03 pm »
Многу се грееле после 22ч, ептен киловати во евтина тарифа. Нешто не штима ;)
Греат од 16 до 8 сабајле зошто нема никој од 8 до 17ч дома.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2271 на: 16 Февруари 2017, 21:21:48 pm »
Кај мене главните киловати се од 16-22ч. по 22 се става на 19 степени и речиси не се ни уклучува греењето.
А евтина тарифа почнува од 22.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #2272 на: 16 Февруари 2017, 21:25:51 pm »
Очигледно обратно му се киловатите а со тоа и разликата во греењето ќе му дојде иста ама пусти инат нејќе да признае.

Sent from my Huawei P9


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #2274 на: 16 Февруари 2017, 22:02:33 pm »
 1200кв скапа тарифа = 6600денари
2900кв ефтина = 8000 денари
Вкупно 14500 + 18%ддв =17.100денари. Сите бројки кај струјата се без ддв! Второ, правиш муабети како од лично искуство и на крај тоа да ти било гугл линк, живи смешки си!

Sent from my Huawei P9


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2275 на: 16 Февруари 2017, 23:58:40 pm »
Многу се грееле после 22ч, ептен киловати во евтина тарифа. Нешто не штима ;)

Твоето чудење е многу лесно објаснливо, колку се пониски надоворешните температури толку станува понеефикасна топлинската пумпа во клима уредот. Кај мене денски Тошибата ретко влече голем напон, деновиве и под 150 волти (како сијалица, како што не му се веруваше на некој овде). Истото важи и за поладните денови, всушност уште повеќе тогаш, затоа што климата е многу понеефикасна на -20с, отколку дење на 0с.
На страна што денски е можно корисниците да местеле пониски собни температури, или целосно да исклучувааат ако денски се на работа (иако тоа е контрапродуктивно со климите, најеефикасни се кога работат 24/7).

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 627
  • Сузуки Витариче
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2276 на: 17 Февруари 2017, 09:14:44 am »
деновиве и под 150 волти

Вати.
P=U*I или за наизменична P=U*I*cosφ.
Потпис.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2277 на: 17 Февруари 2017, 11:19:34 am »
Шо се курчиш, арно си напиша на Македонски - Вати  ;D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2278 на: 17 Февруари 2017, 19:21:53 pm »
деновиве и под 150 волти

Вати.
P=U*I или за наизменична P=U*I*cosφ.

Вати, во право си.
Кога напишав волти мислев на моменталниот напон кој го мести инверторот, ама тоа не може да го мери мерачот - тоа треба да се мери внатре на електрониката на уредот после инверторот.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4020
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"