Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 981934 пати)

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 985
  • ECU rejected...
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2175 на: 03 Февруари 2017, 23:18:55 pm »
денес монтирана и втората


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8821
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2176 на: 04 Февруари 2017, 00:13:09 am »
Da ne znae nekoj zoshto luge od toplifikacija niz cel centar vleguvaat i gi zatvoraat dovodite za parno ili gi praznat zgradive?

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2952
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2177 на: 04 Февруари 2017, 11:21:23 am »
Рано е да се празни системот, да не поправаат нешто?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11708
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2178 на: 04 Февруари 2017, 14:55:15 pm »
Не се празни системот иначе.
Веќе 2 год не го празнат на лето.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8821
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2179 на: 04 Февруари 2017, 17:04:44 pm »
Vcera vecer go praznea. Znam deka poslednite godini ne se prazni ama vcera se prazneshe. Neznam zoshto kaj mene vo ulica od clez vo vlez zvonea i gasea i toa prilicno docna okolu polnok.

Savajlevo raboteshe greenjeto ama moze za vreme na vecerta imale nekoj zafat

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2180 на: 08 Февруари 2017, 11:36:28 am »
Не се празни системот иначе.
Веќе 2 год не го празнат на лето.
5....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3777
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2181 на: 08 Февруари 2017, 12:20:08 pm »
Ekipo inventor klima ured 3.5kw  za kolku m2 e, isto i 5.5kw?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг:
« Одговори #2182 на: 08 Февруари 2017, 13:10:47 pm »
Да беше така лесно да се каже немаше да постојат екстензивни сертифицирања, тестирања и специфицирања.

Народски 3.5 за 35. 5.5 за 55 е сеа колку има разлика од 3.5 до 3.5 може и 3 пати да има разлика во испорачана моќност.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3210
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2183 на: 08 Февруари 2017, 14:21:45 pm »
Ekipo inventor klima ured 3.5kw  za kolku m2 e, isto i 5.5kw?

Roci,

Ако имаш слаба изолација на објектот (без стирпор фасада) и ако квадратурата ти е околу 35-40 квадрати на површината која што константно ја грееш зимај 5.5кв

Математиката што ти ја кажува Дени е веродостојна ако имаш идеално изолиран објект кој што ќе го загреваш.

Инвертер клима од 3.5кв која ќе се користи за греење се купува исклучиво ако живееш во стан до 50-60 квардати, кој што е добро изолиран и со добри прозори. Во такви услови 3.5кв клима ќе грее и ќе има резултати ако истата работи 24/7 без прекин во текот на цела грејна сезона.

Клима од 3.5кв во куќа не би ставил во никоја ситуација. Би идел директ на 5.5кв.

Јас секогаш би се водел од тоа да земам предимензиониран уред кој ќе задоволува потреби, отколку послаб уред кој ќе биде на граници на очекувањата.




Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8067
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2184 на: 08 Февруари 2017, 14:50:52 pm »
Ова со се запирки е точно и правилно.

Да дополнам од искуство.
3,5 киловати во стан греев помалку од 30 квадрати и ги греев само со климата. Дрвени дупли прозори од крстоносните војни.
Во куќата без изолација, на цигла и пвц, во 43 квадрата, на -15*, исто како да не работи климата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2185 на: 08 Февруари 2017, 15:38:10 pm »
Да не заборавиме:

Зависи и од климата.

Некои можат да извадат 1KW на -15, некои можат 2KW, некои можат 3KW на -15, некои можат 4KW на -15, некои можат 4.81KW на -15. А сите овие се 3,5 или 5,5KWдекларирани. Затоа неможе таква споредба. Треба да се види КОНКРЕТНИОТ модел на климата за да се одлучи. Ни случајно не е возможно да се дискутира за 3,5kw клима без никаков модел. Може да има екстремни разлики во греење од клима до клима од 2-5 ПАТИ. Исто како што има и разлика во цена од 2-5 ПАТИ за „клима од 3,5KW“.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3210
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2186 на: 08 Февруари 2017, 15:54:02 pm »
Да не заборавиме:

Зависи и од климата.

Некои можат да извадат 1KW на -15, некои можат 2KW, некои можат 3KW на -15, некои можат 4KW на -15, некои можат 4.81KW на -15. А сите овие се 3,5 или 5,5KWдекларирани. Затоа неможе таква споредба. Треба да се види КОНКРЕТНИОТ модел на климата за да се одлучи. Ни случајно не е возможно да се дискутира за 3,5kw клима без никаков модел. Може да има екстремни разлики во греење од клима до клима од 2-5 ПАТИ. Исто како што има и разлика во цена од 2-5 ПАТИ за „клима од 3,5KW“.

Deni прашањето на Roci беше:
Ekipo inventor klima ured 3.5kw  za kolku m2 e, isto i 5.5kw?

Не спомна, модел, COP или слично. Киловати на метри квадрати го интересираа. Затоа и одговорот е таков каков што е.

Инаку во право си со исказите во цитираниот текст погоре.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2187 на: 08 Февруари 2017, 16:36:54 pm »
Клима од 3.5кв во куќа не би ставил во никоја ситуација. Би идел директ на 5.5кв.

Што убаво наведе од кои услови зависи, што ти требаше ова на крај? :)

Еве јас во куќа греам дневна соба од некои ~36м2 со клима 3.5кв. Не само што одлично загрева, туку и над 1 киловат гледам само кога намерно ќе зададам многу виска температура и hi-power мод на работа. Инаку кога и да загледам, не иде на 600-700 вати навечер на најладното а денски најчесто е ~300-400 вати.
Сеа шопраиме? ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2188 на: 08 Февруари 2017, 20:42:29 pm »
денес монтирана и втората

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Oдлично! Те молам сподели ги своите искуства со АЕРИ тука.

Знам дека веќе се покачени температурите, ама не е тоа круцијално. Дали Аутофан работи добро? На пример ако ставиш 24 степени сега на ова топло време ќе си намали на скоро ич, а ноќно време кога ќе залади да си покачи за да одржува? Дали добро работи ако ставиш на фиксна брзина? Си манува оптеретување на компресорот зависно од потребите?

Дали вибрира надворешната единица?
Дали пречи внатрешната единица?

Дали памти каде била насочена кога се изгасила, за кога ќе ја упалиш пак таму да е насочена?

Каков тајмер има? Дали е за 5 саати уклучи се, или можеш да сетираш секој ден во 0:00 часот оди на 23 степени, а во 05:30 оди на 25 степени?
Колкава температура вади на издув? Дали е многу врел воздухот околу 55 степени?

Колкав простор грееш? Имаш мерач за потрошена енергија?

Ти благодарам.

Нема гајле, недела се прибирам па ќе пишам да кажеш што ти е важно  ;)
Дај сподели што е и како е кај тебе?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3210
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2189 на: 08 Февруари 2017, 22:52:43 pm »
Клима од 3.5кв во куќа не би ставил во никоја ситуација. Би идел директ на 5.5кв.

Што убаво наведе од кои услови зависи, што ти требаше ова на крај? :)

Еве јас во куќа греам дневна соба од некои ~36м2 со клима 3.5кв. Не само што одлично загрева, туку и над 1 киловат гледам само кога намерно ќе зададам многу виска температура и hi-power мод на работа. Инаку кога и да загледам, не иде на 600-700 вати навечер на најладното а денски најчесто е ~300-400 вати.
Сеа шопраиме? ;)

Очигледно не ја свати логиката што му ја кажав на Roci, па ајде вака:

Изолацијата на дневната соба каква е? Фасада, таван, под, прозори, врати?

Ако сите овие 5 точки ти се добро решени, 3,5кв клима ќе ти брка работа.

Јас живеам во стан од 71м2, со солидна изолација, врати, прозори и цел го греам со инвертер од 3,5кв. Вратите се нонстоп од сите соби отворени. Од 5 страни станот е опкружен со соседни станови кои се греат.

Климата е уклучена во Октомври и не е изгасена до денес. Кај мене е потопло дома отколку становите соседни што се греат на парно.

Истата клима 3,5кв ја имаше еден пријател кој што живее во куќа и загрева 50м2 вкупна површина. Сендвич ѕидови без стиропор фасада. Камен ладно беше.
Ја замени со 5,5 кв. И двете инвертер. Сега е топло скоро како кај мене во станот.

Потрошувачката на климата во вати влијае од температурата на воздухот во собата кој што го догрева климата, и од надворешната температура во која што компресорот работи.

Case1:
Објект со добра изолација. Надвор -15. Влажност на воздух 20%. Просторијата бавно се лади, нема загуби, компресорот ќе троши малку струја за да одржува температура во објектот. Климата не влага во дефрост.
РЕЗУЛТАТ: Солидно загреан објект, мала потрошувачка на струја.

Case2:
Објект со лоша изолација. Надвор - 15. Влажност на воздух 20%. Просторијата се лади бргу заради многу топлински загуби. Компресорот ќе работи под полна оптовареност, троши струја. Климата не влага во дефрост. Брчи како луда.
РЕЗУЛТАТ: Умерено загреан објект, зголемена потрошувачка на струја.

Case4:
Објект со добра изолација. Надвор -2. Влажност на воздух 80%. Просторијата бавно се лади, нема загуби, компресорот ќе троши малку струја за да одржува температура во објектот. Компресорот влага во дефрост на секои 60-70 минути, затоа што не работи со полн капацитет и нема голема размена на испарувачот за да се створи мраз.
РЕЗУЛТАТ: Солидно загреан објект, мала потрошувачка на струја. Можен е пад на температурата од 0,3 степени додека климата е во дефрост.

Case5:
Објект со лоша изолација. Надвор -2. Влажност на воздух 80%. Просторијата бргу се лади, има загуби, компресорот ќе троши многу струја за да одржува температура во објектот. Компресорот влага во дефрост на секои 35 минути, затоа што работи со полн капацитет и има голема размена на испарувачот и се ствара мраз.
РЕЗУЛТАТ: Бедно загреан објект, голема потрошувачка на струја. Можен е пад на температурата од 1 степен додека климата е во дефрост. Компресорот излага од дефрост, продолжува да догрева воздух кој е за 1 степен поладен од моментот кога влегол во дефрост. Климата влегува во дефрост наредниот циклус многу побргу од претходно.


Приметуваш дека Case3 фали.

Се смееш.

Проверуваш во кој Case спаѓа твојот режим за греење со клима.

Ја гасиш оваа тема идеш у темата ГМО и се тролаш со filipv.

Сакаш да ми туриш капаче ама не ти иде.


Инвертер. Јебига.
 




« Последно менување: 09 Февруари 2017, 01:37:18 am zlatkoa »