Разгледај си. Доле се монтира да, парапетна е. Подобра е за греење оваа отколку горемонтираните. Ама треба да не ти е затскриена со мебел, значи пред неа да има ширина за да може да дува, над неа да нема ништо, и ос страните по метро да нема барем.
Тоа е едно. Гледам моделот е AERI што е баш соодветен за греење. Врв избор.
Ама муабетот ми е друго сега. Дали стварно сакаш една 7kw? Јас имам 1 7kw ама така е направен просторот се да може да грее. Во нормални услови кај што се поодвоени собите тоа е потешко. И плус 7kw бучи како за 7kw. Toa да ти е јасно. Значи побучна е. Ако станот не ти е предвиден да се грее со едно грејно тело мислам дека ќе ти е малку чудно ова. Јас искрено би ти препорачал зависно од станот да ставиш за истите пари 2 единици по 3.5kw на пример. Со тоа што ќе ги позиционираш подобро, едната рецимо во салон, а другата некаде по претсобјата рецимо. Зависно од просторот. Ќе бидат потивки, подобар распоред на топлина, и плус ќе бидат поефикасни зошто помалите клими се поефикасни од големите. Можеш и да искомбинираш една ѕидна со една парапетна. Како и да е, муабетот ми е да не ти е бучна еднава. Зошто ипак она не бучи, како бучење, ама ќе треба да го движи тој воздух кој ќе ствара бука. А две пуштени на најтивко ќе си брмчат нема да ги осетиш дење-ноќе.
И две се две, знаеш. Една и да откаже и да сибе, или нешто, другата си цепа.
Дали гледаш за сега одма? Ако гледаш сега одма, јас дури би рекол да монтираш само една 3.5 парапетна единица, и да видиш како ќе ти се движат температури и дали ти фаќа око. Па отом потом втората. Зошто може и да ти е доволно, а и ќе си видиш пред да опрчиш пари за втора.