Здраво Дени, моментално не сум дома на пат сум ама штом се вратам ќе измерам.
Надворешните единици засега се зачудувачко тивки, дури и кога ќе пуштам на High брзина на дување на внатрешната единица, не се осеќа некаква вибрација ниту пак онаа бучава, само има мало зуење и нели .. звукот на перката.
Засега сум задоволен - цена - ефикасност.
Ако ти е важно ќе ти снимам и видео клип како менувам модови и брзини и како се понаша компресорот.
И најважно, струја ми стигна 4200 со користење на инверторите од 01.12 без престан.
Опсегот беше од 16 Ноември до 16 Декември.
Очекувам нареден месец не повеќе од 6000 ден. Просторот кој го загревам со 2 инвертера е околу 60 квадрати станбен простор.