Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 981946 пати)

Отсутен Mikroos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 923
Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1875 на: 14 Ноември 2016, 20:01:54 pm »
Штом нема да плакаш струја, кварцната, али со 3 грејачи да ја најдеш, барем 2.5 кw да е, оваа 1.8 малку тешко, особено во ладни денови. Јас имам кварцна, онака за пригревање понекогаш, особено кога спремам предмети за на факс, па се затворам во соба, со 3 грејачи ми е, ама еден ми е рикнат, двата заедно мокност 1.7 Kw имаат и реално слабички се.
Затоа испод 2.5 kw не ги гледај.
Исто така некогаш нозете ако ти се ладни, за загревање на истите, милина :D
Фала ти на одговорот Filo. Ги разгледав веб страните на сетек, нептун и техномаркет и слабо има понуди. Оваа е bestbuy што ја ставив 1.8kw. Јес да е мала и слаба, ама има и парно кое колку толку ја топли собата но не доволно. Комшиите до нас имаат калорифер ли како се викаа што дуват топол воздух па цел ден им е уклучено и искрено многу им е топла собата, по куси панталони се шетаат по соба.  ;D

Ќе прошетам и до Хубо да видам што имаат асортиман, ако не најдам таму оваа ќе ја земам.  :)

A da probash da prisobereah uste 600 den i da najdesh nekoj so happy karticka.... Jas denes zedov od Neptun Fuego panelka 2kw na popust e samo od 14 - 16 ti noemvri 1599 den.
Si ima i trkala i edna godina garancija, termostat itn itn

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1876 на: 14 Ноември 2016, 20:38:18 pm »
Имам таква дома панелна со два греача од по 1.5kw, исто со тркалца и термостат. Ама троа поголемка е и не ја собира под кревет во студентскиот.  ;D

Затоа сакам да земам некоја мала, кварцна греалка а оваа ми се виде како најдобра понуда.  :)
http://technomarket.mk/products/09133340/luxell-lx-2820

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1877 на: 14 Ноември 2016, 20:49:25 pm »
Имам таква дома панелна со два греача од по 1.5kw, исто со тркалца и термостат. Ама троа поголемка е и не ја собира под кревет во студентскиот.  ;D

Затоа сакам да земам некоја мала, кварцна греалка а оваа ми се виде како најдобра понуда.  :)
http://technomarket.mk/products/09133340/luxell-lx-2820
Со која цел ти е?

Кварцна печка грее со зрачење и загрева предмети кои се на 1-2 метри директно од неа. Се користи исклучиво за загревање на места кај кои не е приоритетно да се згрее собата. Трошат многу енергија зошто често не се исклучуваат. Погодна е за простории со провев, надвор и слично каде нема константен воздух.

Од друга страна конвекционо греење загрева воздух кој поминува низ неа и потоа тој воздух кружи. Погодна е за употреба во затворени простори со таван кој е до 2.5м и нема големо разменување на воздух и провев. Намената е да се загрее воздухот во собата а потоа тој да ги загрее предметите.

Затоа ти кажувам. Ако сакаш да грееш соба, не е погодно да грееш со кварцна греалка. Таа е за друга намена. За соба ти треба панел. Инаку со кварцна само ќе трошиш струја и нема да се згрееш.

Отсутен Alex.mkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 158
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1878 на: 14 Ноември 2016, 21:24:59 pm »
Имам таква дома панелна со два греача од по 1.5kw, исто со тркалца и термостат. Ама троа поголемка е и не ја собира под кревет во студентскиот.  ;D

Затоа сакам да земам некоја мала, кварцна греалка а оваа ми се виде како најдобра понуда.  :)
http://technomarket.mk/products/09133340/luxell-lx-2820
Сум бил на кафе многу пати во студенски кај што греат со ваква иста греалка (друга марка модел ист) и во најладното беше жешко во 3ка соба со огромни тавани (битола студенскиот блок А :) )  исто и тие малите пластичните што дувааат топлат доста ама имаше на некои кои ја дуваа по цел ден им се растопуваше како кашкавал, тие со термостат што дуваат брзо исклучуваа знам. Оваа е компактна за брзо криење под кревет :)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1879 на: 14 Ноември 2016, 22:00:30 pm »
Имам таква дома панелна со два греача од по 1.5kw, исто со тркалца и термостат. Ама троа поголемка е и не ја собира под кревет во студентскиот.  ;D

Затоа сакам да земам некоја мала, кварцна греалка а оваа ми се виде како најдобра понуда.  :)
http://technomarket.mk/products/09133340/luxell-lx-2820
Со која цел ти е?

Кварцна печка грее со зрачење и загрева предмети кои се на 1-2 метри директно од неа. Се користи исклучиво за загревање на места кај кои не е приоритетно да се згрее собата. Трошат многу енергија зошто често не се исклучуваат. Погодна е за простории со провев, надвор и слично каде нема константен воздух.

Од друга страна конвекционо греење загрева воздух кој поминува низ неа и потоа тој воздух кружи. Погодна е за употреба во затворени простори со таван кој е до 2.5м и нема големо разменување на воздух и провев. Намената е да се загрее воздухот во собата а потоа тој да ги загрее предметите.

Затоа ти кажувам. Ако сакаш да грееш соба, не е погодно да грееш со кварцна греалка. Таа е за друга намена. За соба ти треба панел. Инаку со кварцна само ќе трошиш струја и нема да се згрееш.
Чекај, сериозен си за ова?  ;D

Еве ти да си на мое место кажи ми како би играл. Значи струја тотално небитна, не плаќам сметки, буџетот ми е до 1000че, имам избор меѓу два вида на греалки, димензиите исто така многу битни (под кревет да ја собере) што би земал ти?

Комшиите користат мала што дува топол воздух и прилично топло им е во соба, арно ама греалката е купена за 3000+ и марка не е кинеска. Колега во Гоце студентскиот користи кварцна со три греачи, кај него е бања. Затоа мојот избор е кварцна греалка.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг:
« Одговори #1880 на: 14 Ноември 2016, 22:21:37 pm »
Супер. Земи таква тогаш штом ти е проверена.

Секако дека сум сериозен, зошто не би бил. :)

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1483
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1881 на: 15 Ноември 2016, 10:04:13 am »
Сака да каже дека го боли .!. колку струја ќе троши .

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1882 на: 15 Ноември 2016, 10:36:15 am »
Кварцната многу гори од блиску. Подобро земи си обична греалка. ИМаш сеа во Веро за 1000 денари што може и во бања да се користи. Иначе во Сет имаше за 500 :)

http://setec.mk/Heating-Cooling/Electric-heaters/Calorifer/ST-HL-104V69666

Отсутен munja

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1883 на: 15 Ноември 2016, 11:54:12 am »
Другар јас земав калолифер теси 1000 ден од нептун и сум презадоволен на работа го имавме иситот греевме околу 20 квадрати и стрварно пстогаше и беше повеке квалитетно топло и не се плаши не е од тие што се топат и е многу тих + имаш 2 нивоа 1 и 2 киловати и регулација со термостат https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=28_57_146&product_id=216158.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 509
Одг:
« Одговори #1884 на: 15 Ноември 2016, 12:14:25 pm »
Дали некој знае дали има врска нивото на фреонот за греење со клима? Гледам во последно време климата тешко ми крева температура и влева во дефрост иако надвор не е толку ладно, па дали би било веројатно да нема фреон или да треба да се дополни.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1885 на: 15 Ноември 2016, 12:24:22 pm »
дали би било веројатно да нема фреон или да треба да се дополни.
Тоа што би било многу веројатно, е дека мајсторот што од прва ќе ти го каже тоа, е со ум да те излаже.
Фреонот не е како масло во моторот на колата, не се „троши“. Ако има недостаток од фреон, треба да се испита каде се губи истиот - што е сложена дијагностичка постапка. Треба да се санира евентуалниот проблем, па да се дополни фреон ако треба. И фреонот не се „дополнува“, туку се вади фреонот надвор и се мери на специјална вага, па тек тогаш се додава колку треба, пак се мери, и тоа се става во климата. Нормално, претходно со многу детално вакумирање, посебно важно да е подолго заради големата влажност во воздухот во зима.

Во 9 од 10 ситуации кога мајсторот ти вика дека ќе „дополнува“ фреон, те лаже.

Гледам во последно време климата тешко ми крева температура и влева во дефрост
Вчера и денес е нешто подобро?
Сега со ветеров надворешната влажност е падната под 60%, а дури и сега е најнормално климата одвреме навреме да влага во дефрост. Со поголема влажност, што е нормално за зима, дефростите се позачестени.

Туку кажи ти дали ја оставаш климата да ти работи 24/7, и кажи која клима и модел го имаш, колку е стар, и каква изолација имаш на објектот.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 509
дали би било веројатно да нема фреон или да треба да се дополни.
Тоа што би било многу веројатно, е дека мајсторот што од прва ќе ти го каже тоа, е со ум да те излаже.
Фреонот не е како масло во моторот на колата, не се „троши“. Ако има недостаток од фреон, треба да се испита каде се губи истиот - што е сложена дијагностичка постапка. Треба да се санира евентуалниот проблем, па да се дополно фреон ако треба. И не се „дополнува“, туку се вади фреонот и се мери, па тек тогаш се додава колку треба и тоа се става во климата. Нормално, претходно со многу детално вакумирање.

Во 9 од 10 ситуации кога мајсторот ти вика дека ќе „дополнува“ фреон, те лаже.

Гледам во последно време климата тешко ми крева температура и влева во дефрост
Вчера и денес е подобро?
Сега со ветеров надворешната влажност е под 60%, и дури и сега е најнормално климата одвреме навреме да влага во дефрост. Со поголема влажност, што е нормално за зима, дефростите се позачестени.

Туку кажи дали ја оставаш климата да ти работи 24/7, и кажи која клима и модел го имаш, колку е стар, и каква изолација имаш на објектот.
Климата е LG KS-H18, наутро и треба 15 мин да врти за да почни да дува топло. Еве цело утро работеше и сега влези во дефрост и веќе 20 мин. така си стои а мислам дека не е толку ладно времето надвор за толку време да одмрзнува.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1887 на: 15 Ноември 2016, 12:35:53 pm »
@stavrov
- 20 минути дефрост не е во ред, провери да не се затнува цревото за одовор на кондензација и надворешната единица да не ти се полни со мраз (чест случај, ама чудно би било пошто моментално немаме минусни температури дење). Ако е тоа, целосно извади го одводот за цревото. Ако е под гаранција климата, рекламирај ВЕДНАШ.
-  Не ја гасни климата, остави ја да работи нонстоп. Нема логика да ја исклучуваш навечер кога е евтина тарифа, за да од најниско целосно да загреваш дење на скапа тарифа. Ова е докажано дека е поисплатливо и на места каде немаат евтина вечерна тарифа.
- Следен пат немој да се заебеш со корејски клими. Одлични се за секаквa техника, ама не и за клими (посебно не за парите). :)

Абе неможам да се пожалам од климата, веќе најмалку 10 години си работи одлично и зимо и лето, само сега почнаа вакви чудни работи затоа прашувам дали е можно да нема доволно фреон или нешто друго што би можело да има проблем.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1889 на: 15 Ноември 2016, 12:45:58 pm »
Во тој случај ти треба сервисер, ама не спомнувај „дополнување фреон“ и бегај од тој што од прва ќе ти го спомне тоа.