Пред некој си месец и пол реков дека ќе споделам искуства и потрошувачка на пелети користејќи ја печката на алфа плам коммо21.
Загревам простор од околу 82-85мм2,куќа без изолација и дрвени прозори со дупли стакла кои се ставени кога е и куќата градена во 1992 година,но прилично добро диктуваат.Спратот под мене е само половина загреван од моите,над мене е тавански простор кој нема изолација и е на ќерамиди.Имам се на се 7.2м(3*1.6+1.8+0,6м) панелни радијатори,регистар и бољер од 100л.Од 1 декември до 19 декември имам потрошено 31 вреќа пелети за 217ч греење,односно 465кг пелети,или 2,14кг/ч односно 1час греење ме чини 24,86ден.Температурата во дневната каде и ми се наоѓа и печката ја држам на околу 21С-23С,а во останатите простории околу 18С.
Одржавањето на печката се состои со чистење на секои 3-4 дена,ги чистам двете пепељари,го чистам горилникот со правосмукалка за пепел ја чистам целата внатрешност на печката а со четката ги прочистувам така наречените турбулатори,го бришам стаклото.Целата операција трае не повеќе од 15-20мин.
Печката од притискањето на копчето за стартување до појавување на пламен потребни се 4-6мин,за 12-16мин водата во резервоарот има достигнато 50С и пумпата се вклучува.
Да напоменам само дека имам направено некои измени во самите параметри на печката,има еден добар српски форум од кои научив некои работи и се обидов и сеуште се обидувам да го извлечам најдоброто од самата печка.
Самата печка има дневни и неделни програмирања за палење и гасење до 4 пати во текот на денот.На самата печка се внесува саканата температура на водата и температурата во просторијата.
Се на се сум презадоволен.